Овие јогуртни печива се најубавото нешто што ќе го пробате денес. Исто како да сте ги купиле од некоја пекарница, толку се убави, а можеби домашните нема да ви веруваат дека вие сте ги направиле. Вкусни и многу едноставни. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 1 белка, прстофат сол, 160 г шеќер, 1 мала лажица ванилин шеќер (може да замените и со екстракт од ванила), 50 мл масло (3 големи лажици), 200 г обичен јогурт, 1 мала лажица сода бикарбона, 450 г брашно. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: жолчка и малку млеко (1 лажица).




ПОСТАПКА: во еден сад скршете 1 јајце, додајте прстофат сол, шеќер и сода бикарбона. Измешајте со жица/маталка со соединување на шеќерот во јајцата. Кога смесата ќе стане густа и еднолична, додајте го маслото, јогуртот кој треба да биде поцврст.




Продолжете со мешање додека се разреди смесата од течностите, па додајте го брашното кое не треба да го просејувате. Со константно мешање, растурете ги сите грутки кои може да се појават од брашното.




Замесете фино и меко тесто кое на почетокот може да се лепи под прсти, но кога ќе го префрлите на рамна набрашнета површина и уште малку ќе го размесите ќе стане мазно и нелепливо. Тестото не треба да чекате да стасува, туку веднаш поделете го на 4 еднакви делови.




Од секој дел формирајте валјак, долг и тенок, па од него поделете 5 еднакви делови на растојание од 2-3 см. Вака подготвените печива само редете ги во плех обложен со хартија за печење. На страна направете смеса за премачкување на печивата од јајце и млеко.




Премачкајте ги сите печива со смесата со помош на четкичка, а одозгора по желба може да наросите малку шеќер врз нив. Печете во претходно загреана рерна на умерена температура 180-200 степени доека да заруменат одозгора. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.