Ќе ви ги претставиме двата најдобри рецепти за кифлички според читателите на НМД. Првиот можеби веќе ви е познат (се приготвува со јогурт), го имаме повеќепати споделувано, а сите што го испробаа се презадоволни и го препорачуваат.




Имаме и нов рецепт за кифлички кои се приготвуваат со млеко, а кои многумина ги воодушевија. Излегуваат меки како памук и едните и другите, а на вас останува да го одберете вашиот фаворитен рецепт, според состојките што ги имате дома.




I РЕЦЕПТ – Кифлички со јогурт и кисела павлака за 20 минути – ЖУ ЖУ. Брзи, вкусни, подобри од купечките! Можете да ги приготвувате за разни слави, родендени и други свечени пригоди, но можете да ги правите и секој ден, бидејќи на сите им се омилени и сите ќе ви ги бараат.

Потребни состојки: 100 мл јогурт, 100 мл кисела павлака, 100 мл млеко, 100 мл масло, 2 јајца, 2 лажички шеќер, 40 г свеж квасец, малку сол, 700 г брашно +- За фил: 250 г путер/маргарин, 200 г + 200 г ситно сирење, 200 г салама, 1 белка




Постапка: Павлаката, јогуртот и млекото малку замлачете ги, додаjте шеќер и квасец и уште 4 мали лажички брашно. Кога ќе се активира, додаjте ги другите состојки, замесете тесто и оставете на топло место за да стаса и да го удвои својот волумен.




Потоа развлечете една голема кора, преку неа изрендајте еден ладен маргарин и наросете 200 г ситно сирење. Свиткајте во ролат кој треба да отстои половина час, па повторно се развлекува голем правоаголник кој се сече на пет ленти. Во цик-цак се сечат лентите за да се добијат триаголници.




Се филуваат со 200 г сирење и салама сечкана на коцки. Се премачкуваат со разматена жолчка. Можете да ги замрзнете па да ги вадите и печете по потреба. Печете ги додека да добијат убава боја на 180-200 степени, во зависност од вашата рерна. / recepti.com

II РЕЦЕПТ БРЗИ И ФИНИ КИФЛИЧКИ – Одлични, едноставни за правење, а успеваат секогаш од првпат

Потребни состојки: 600. г меко брашно, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 100 мл масло, 200 г кисела павлака, 200 мл топло млеко, 1 инстант сув квасец, 1 голема лажица шеќер




Постапка: измешајте 600 г меко брашно, прашок за печиво и лажичка сол. Додајте 100 мл масло и 200 г кисела павлака и промешајте. Посебно измешајте 200 мл топло млеко, инстант сув квасец и голема лажица шеќер, па излејте во готовата смеса.




Замесете мазно тесто, поделете го на 4 делови и развлечете ги во кори со дебелина од 5 мм. Сечете триаголници и обликувајте ги кифличките. Загрејте ја рерната на 180 степени. Кифличките наредете ги во намастен плех и оставете ги во кујна на топло 10-15 минути.




Премачкајте ги со жолчка и по желба наросете ги со сусам, ким или мак. Ставете ги во загреаната рерна и печете ги 10-15 минути. Јас приготвив двојна смеса бидејќи оваа ми беше премалку од 600 г брашно, така што сите состојки двојно ги зголемив.




Овој рецепт го прочитав од чашата за кисела павлака од авторката Лидија Краљ, инаку професионална готвачка. Одлучив да го испробам и се воодушевив и себеси но и моите најмили дома, така што не можев, а да не го споделам овој рецепт со вас. / Сунчица / Сооlinarika.com