ЈОГУРТНА ТОРТА КОЈА ПОЧНАВ ДА ЈА ПРАВАМ СЕКОЈ ДЕН: супер брзо и вкусно. Рецепт на Брзо и Вкусно. Оваа јогуртна торта е многу брза и лесна за подготовка, а излегува многу вкусна. На почетокот кога го најдов рецептот се двоумев дали да ја направам, но кога ја пробавме сите бевме воодушевени.
Можам да кажам дека оваа торта ги надмина сите наши очекувања со нејзиниот вкус. Ме потсетува на есента бидејќи и самата база (кората) е слична како сите оние есенски миризливи колачи од кои замирисува целата куќа.
Потребни состојки за кора: 2 жолчки, 70 г шеќер, 80 г путер, 200 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, малку рендана лимонова кора. За крем: 2 белки, 400 мл неутрална павлака или јогурт, 80 г шеќер, 3 лажици пченкарен скроб, шеќер во прав за наросување.
Подготовка на кората: Одвојте ги жолчките од белките во посебен сад. Жолчките ставете ги во поголема вангла и изматете ги со миксер заедно со шеќерот. Кога шеќерот ќе се растопи, додајте го путерот и продолжете со матење до соединување.
Потоа додајте го брашното. Малку размесете со рацете и додајте го прашокот за печиво и малку рендана лимонова кора, претходно истретирана и отстојана во вода со сода бикарбона (доколку не е органска).
Замесете тесто кое ќе излезе малку тврдо, нема да биде како класичното за печиво што е. Тестото поделете го на два еднакви делови и од секој дел формирајте топче. Завиткајте ги топчињата во проѕирна фолија и ставете ги дополнително да се стврднат во фрижидер отрпилика некои 20-тина минути.
За тоа време подгответе го кремот: Преостанатите две белки од јајце искористете ги сега. Изматете ги со миксер пенасто, а потоа додајте ја неутралната павлака или јогуртот и продолжете со матење.
Додајте го пченкарниот скроб и изматете со миксер на најсилна брзина до соединување, односно формирање на еднолична смеса. На крај се додава шеќерот и се меша додека да се растопи во смесата.
Земете калап со флексибилен обрач, и обложете го на дното со хартија за печење. Мојот калап е со средна величина, но каков и да имате може да послужи, секако ако не е многу голем, бидејќи кората ќе излезе многу тенка и нема да може да се развлече.
За развлекување на кората/тестото не ви е потребна оклагија, ниту дополнително да додавате брашно. Сето тоа го правите со раце. Земете едно топче тесто и развлечете го колку целиот калап на дното.
Потоа одозгора преливате со филот, а врз филот го рендате второто тесто со помош на ренде. Значи да има распоредено низ целата површина на филот, бидејќи не може да се развлече врз течноста. Ставате на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 35 минути. По печењето, оставете да се излади и наросете со шеќер во прав па послужете. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.