Погачата е мека како душа и многу едноставна за приготвување, особено за млади домаќинки.

Потребни состојки:

2 јајца

1 јогурт во чаша

50 г квасец

200 мл вода

2 лажички шеќер

2 лажички сол

Брашно по потреба (околу 700 – 800 г)

Сусам за поросување

150 г маргарин/путер за мачкање.

Постапка:

Квасецот и шеќерот ставете ги во млака вода. Промешајте и оставете да се актибира.

Во брашното додадете јајца, сол, јогурт и надојден квасец, па замесете тесто.

Оставете 5 минути да се одмори, па развлечете во голем правоаголник, тенок околу 5 мм.

Премачкајте со путер и свиткајте во ролат. Исечете го ролатот на дебелина околу 4-5 см.

Парчињата редете ги во тркалезен сад за печење и оставете да кисне додека да се удвои.

На врв од секој ролат ставете малку путер и наросете со сусам.

Печете во загреана рерна на 200 степени додека да зарумени.

Печената погача завиткајте ја во сува крпа.