За подготовка на овој колач потребни ви се само 6 состојки. Овој јогуртен колач со кајсии е вистински летен хит кој треба да го испробате. Освен кајсии можете да употребите и некое друго овошје, а постапката за приготвување останува иста.




Овошјето (а конкретно кајсиите) на овој колач му даваат блажина, крем сирењето (маскарпонето) и јогуртот му ја даваат кремастата структура. Ова е одличен летен колач кој освен што ќе ве заслади, ќе ве снабди со корисни витамини и минерали кои помагаат за правилно функционирање на организмот.




Доколку сте љубител на кајсиите, треба да знаете дека тие се заслужни за yбавината на вашата кожа и коса, но и во голема мера помагаат да се сочува здравјето и квалитетот на вашиот вид. Покрај другото, спречуваат pизик од срцеви заболувања.

Сладете се со ова летно овошје, но не заборавајте да скршите и неколку семки и да ги изедете вкусните и лековити јатки. Еве што ви е потребно за да го приготвите овој колач:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (калап за торти со пречник 18-20 см): 7 кајсии, 1 чаша цврст јогурт или кисело млеко (250 г), 1 чаша крем сирење (маскарпоне, филаделфија или друго), 100 г нерафиниран шеќер (или обичен), 3 цели јајца, 40 г скроб/густин/нишесте




ПОСТАПКА: Кајсиите измијте ги добро под млаз ладна вода, па отворете ги на половинки и извадете им ги семките. Исечкајте ги на четвринки или на помали парчиња по желба. Калапот за торти (18-20 см) обложете го со хартија за печење на дното и страните.




На дното од калапот распоредете две третини од кајсиите (да се покрие целото дното). Во подлабок сад ставете го цврстиот јогурт (или кисела павлака), маскарпонето (крем сирењето по желба), шеќерот, јајцата и скробот/нишестето.




Изматете со кујнска (жица) маталка додека сите состојки убаво да се соединат и да добиете изедначена, мазна и хмогена смеса без грутчиња. Добиената смеса излејте ја во калапот, а одозгора распоредете го остатокот од парчињата кајсии.




Вака приготвениот колач ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.

Печениот колач оставете да се олади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер да се лади неколку часа или најдобро преку цела ноќ пред послужувањето.