Во последно време, се чини дека масажата на лице и вежбите добиваат се поголема популарност во нашата земја, а бидејќи се толку многу ефикасни, луѓето ја нарекуваат оваа техника „јога“ за лице.
Целта на овие вежби е зајакнување на структурата на мускулите на лицето така што вашето лице ќе изгледа помладо, поубаво и позатегнато. Овие вежби ја стимулираат микроциркулацијата на лицето и на тој начин лицето изгледа поздраво и помазно.
Изгледот на лицето е всушност ист како и изгледот на телото. Тоа значи ако не вежбате редовно, мускулите стануваат опуштени. Дури и ако некои делови се прескокнат за време оваа вежба, целокупниот ефект нема да го забележите.
Затоа е потребно овие вежби да ги предава и упатува стручно лице за да може редовно да ги правите во домашни услови. И она што е сигурно е дека никогаш не е рано или предоцна за ваков вид вежби. Стареењето на лицето е неизбежен процес кој му се случува на секого така што раниот почеток на вежбање е секогаш одличен избор.
Нашето лице има 58 мускули кои треба да се активираат. За вежбите за јога на лице, првично ќе ви треба огледало за полесно да ги научите движењата и да станете свесни за секоја вежба што ја правите, а кога ќе научите, подоцна сè ќе биде полесно и ќе стекнете навика, така што повеќе нема да е потребно да стоите пред огледало.
Овие вежби треба да се прават наутро или навечер пред спиење, а не се препорачуваат за луѓе кои имаат кожни болести на лицето или отворени рани. Исто така, одредени јапонски вежби за лице во комбинација со јогата за лице е одлична комбинација за одржување на младешкиот изглед.
Неколку вежби за јога на лице што можете да ги вежбате дома:
Подигнете ја главата нагоре со поглед накај таванот и поставете ја устата како да сакате да бакнете некого. Останете во таа позиција пет секунди. Повторете ја оваа серија вежби петпати.
Отворете ги очите и устата како да сте многу изненадени и затегнете го лицето со дланките додека лицето е во оваа положба. Оваа вежба е против брчки на рабовите на очите, т.е. насмевка против брчки. На овој начин ќе ги ублажите длабоките брчки предизвикани од смеење и ќе ги направите помалку забележливи.
Притиснете ги рабовите на веѓите со показалецот и средните прсти (така што положбата на секоја страна од лицето со прстите ќе биде во форма на латинската буква „V“).
Потоа, додека сте во таа позиција, погледнете нагоре, а потоа подигнете го капакот како да погледнувате попреку, а потоа опуштете се и замижете. Повторете ја оваа вежба неколку пати.
Оваа вежба е одлична за борба против брчките на вратот. Свиткајте ја главата налево и останете неколку секунди во оваа положба. Главата треба да биде свиткана така што ќе почувствувате како се протегаат мускулите на вратот. Направете го истото од спротивната страна. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска