Порано за бракот се сметаше дека е светилиште и дека мора по секоја цена да се сочува, без разлика на сè. Во денешно време тоа се чини за невозможна мисија и претставува вистинска тешкотија да се сочува бракот и семејството.
На оваа тема психотерапевтот д-р Зоран Миливојевиќ ги даде вистинските совети. Ако случајно сте откриле дека вашиот партнер ве изневерува, ова е најдоброто решение според него:
„Луѓето му веруваат на својот партнер. Меѓутоа, кога постои сомневање дека нешто не е во ред, а тоа се јавува кога партнерот го менува своето однесување (крие пораки на телефонот; го носи телефонот во бањата кога се тушира; излегува со телефонот да зборува надвор итн.) тогаш оваа друга страна почнува да проверува.
Кога партнерот ќе го фати дека изневерува, настанува дилемата дали да признае или не. Ако нема конкретни докази, луѓето одлучуваат – да не се признаваат! Потоа вели дека „таа“ му е пријателка, другарка од детството итн.
Меѓутоа, тогаш довербата исчезнува. Кога довербата е уништена, на луѓето им е тешко да продолжат да живеат заедно. Ако оној кој покажал знаци на изневерување почне да покажува љубов, посветеност и тоа трае подолго време, тогаш сè може да се заборави.
Советуваме измамата да се прости кога другата страна ќе признае. Не само да каже што се случило (нема потреба да се инсистира на детали), туку кога го дефинира „тоа“ како грешка, кога самиот ги осудува своите постапки, кога ветува дека нема да го повтори делото, кога ја изразува својата љубов и желба да остане со таа личност.
Збир на такви однесувања е она што и помага на другата страна да прости. Искуствата се половина за и половина против. Половина простувај, половина не простувај. На луѓето не им пречи изневерувањето како такво, туку го поставуваат прашањето – што им претставува тоа во однос на партнерот: зошто го направил тоа?
Терапијата помага да се открие проблемот во бракот што довел до изневерување: понекогаш тоа е cексyалноста – кога се мажите во прашање (жената предолго ја боли главата кога станува збор за консумирање на бракот), или разочарување кај партнерот – кога жените се во прашање (губење на почит кон сопругот).
За да дојде до тоа жената да го изневери сопругот, мора прво да се разочара од него, па дури потоа да бара наоколу и кога ќе најде симпатија, таа мора да се вљуби за да може да го изневери сопругот. Сè додека врската со сопругот е во ред, жената нема потреба да бара друг партнер. Се разбира, секогаш има исклучоци.
Најлоши се ситуациите кога некој е половина разочаран. Од една страна има добри работи во бракот, па не сака да си оди, а од друга страна е разочаран. Кога е долго време во таков брак, често се случува да „гледа од страна“ со надеж дека ќе се појави некој што ќе биде подобар, со кој ќе ја доживее вистинската љубов и слично….
Ако двојката сака да го спаси бракот по изневерувањето, решението е во разговорот. Проблемот си постоел – инаку немало да дојде до неверство, затоа мора да се разговара.
Честопати овие разговори придонесуваат за подобар квалитет на бракот и парот може да го продолжи својот заеднички живот без пречки“. Емисијата со докторот можете да ја погледнете ОВДЕ.