Додека седите опуштено на маса и јадете, може да се чувствувате пријатно, но тоа не е секогаш најдоброто за вашето здравје. Голем дел од денот го поминуваме седејќи на работа, се враќаме дома седејќи во автомобил или во јавен превоз. Потоа влегуваме во трпезаријата и седнуваме на маса за да вечераме.
Меѓутоа, повеќето Јапонци седат на подот додека јадат, додека работат, додека разговараат…па веројатно затоа и многу тешко ќе најдете столчиња во земјата на изгрејсонцето, дури и во ресторани со пет ѕвезди.
Оваа јапонска навика има бројни здравствени придобивки, а „Bright Side“ наведе и кои се тие:
Помага за подобра дигестија на храната
Кога седите на подот со скрстени нозе и јадете, истовремено правите еден вид на јога. Оваа позиција се нарекува лесна поза или „сухасана“ и се верува дека го зголемува протокот на к-рв во стомакот, помагајќи полесно да се свари храната и да се добијат повеќе витамини и хранливи материи.
Кога ќе се наведнете напред за да земете храна од чинијата, а потоа ќе се вратите во почетната позиција за да ја проголтате, ги зајакнувате мускулите во стомакот, што пак може да спречи подуеност.
Помага во намалувањето на вишокот килограми
Седењето на подот додека јадете му помага на вагусниот нерв подобро да функционира. Кога вашиот дигестивен систем ослободува хормон наречен лептин, тој испраќа сигнал до вагусниот нерв дека сте сити. Правилната функција на овој нерв може да ве заштити од прејадување.
Ве прави пофлексибилни
Седењето на подот ги истегнува колената и колковите. Оваа позиција спречува преголемо виткање и ги зајакнува грбот и рамената.
Го продолжува животниот век
Ако лесно можете да станете од положбата на вкрстени нозе без никаква помош, големи се шансите дека ќе живеете подолго. Се покажало дека седењето на под додека јадете и станувате неколку пати од таа положба, е еден од најлесните начини да додадете неколку години во вашиот животен век.
Ги одржува здрави зглобовите
Кога седите долго на столче, колковите се вкочануваат. Од друга страна, седењето на подот ви овозможува да ги истегнете колковите и глуждовите, правејќи ги зглобовите пофлексибилни. Некои пози на седење, како што е клекнувањето, ја активираат работата на мускулите, дури и кога одморате, а притоа се зафаќаат и оние мускули кои не се активни додека седите на стол.
Го подобрува држењето на телото
Кога столот не ви го потпира грбот, се поттикнуваат и активираат основните групи на мускули, со што тие стануваат поиздрживи и пофлексибилни, што пак е од корист за вашата постура, односно за држењето на вашето тело.
Го смирува умот
Седењето на под додека јадете, исто така, го смирува вашиот ум. Кога вашиот ум е мирен, можете да уживате во храната со сите сетила и да јадете полека додека да се почувствувате сити.