Освен нега на кожата од лицето и целото тело (рецепти подолу), Јапонците особено внимаваат на квалитетниот сон.
Потребни состојки:
1 банана
1 лажичка цимет
1 лажичка мед
1 чаша од 300 мл вода
Постапка:
Бананата излупете ја, исечкајте ја на тркалца со тоа што од двата краја ќе отстраните околу 1 см.
Ставете на оган во сад со вода да врие на тивко додека да испари половина од водата, околу 10-тина минути. Бананата изгмечете ја и додадете цимет во прав. Кога ќе подизлади додадете мед по вкус и консумирајте најдоцна еден час пред спиење.
Легнете си најдоцна во 22 часот.
Квалитетниот сон во вистинско време може да помогне во заштитата на вашето ментално и физичко здравје, квалитетот на вашиот живот воопшто.
Спиењето е многу важно, бидејќи за време на сонот мозокот има доволно време да ја обработи и создаде енергијата за секојдневните активности и да го одржува вашето физичко здравје, а покрај тоа, има способност да се чисти од токсините.
Значи, спиењето ја подобрува нашата способност за концентрација, општата состојба на мозокот и го подмладува телото.
Од друга страна, лошиот сон е предизвикан од неколку фактори, но најчестите причини вклучуваат лоши навики во исхраната, анксиозност, недостаток на минерали и нездрав начин на живот.
Недостиг на сон доведува до ниско ниво на енергија, депресија, општа слабост, мачнина, раздраздливост, замор и големен ризик од хипертензија.
Бананите се богат извор на калиум и магнезиум, минерали кои го подобруваат квалитетот на сонот. Овие минерали исто така помагаат во опуштањето на мускулите и вените и ги поништуваат негативните ефекти од вишокот на кортизол, хормонот на стрес.
Бананите ја содржат амино киселината триптофан, која помага да се подигне нивото на серотонин, кој помага во регулирање на спиењето.
Другата состојка на овој рецепт – циметот – содржи извонредни етерични масла, како што е еугенолот, кој го дава слаткиот, пријатен ароматичен мирис, како и витаминот А, пантотенска киселина, ниацин и пиридоксин.
Овој зачин исто така е многу корисен за здравјето, бидејќи го релаксира телото. Освен тоа, го олеснува варењето на храната и ја подобрува циркулацијата на крвта.
Исто така, потребно е дополнително да ја негувате вашата кожа на лицето, бидејќи зимно време капиларите доживуваат шок со нагло стегање и нагло ширење секојпат кога влагаме или излегуваме надвор на ладно или влегуваме во топла просторија.
Предлог маски за лице:
Маска од слива и павлака
– Ќе ви бидат потребни 3 зрели сливи, 1 лажичка маслиново масло и 1 лажица кисела павлака. Оваа маска е совршена за нега на нормален тип на кожа. Млечната киселина делува како ексфолијација, додека сливите имаат состојки кои делуваат против стареењето на кожата. Во недостиг на зрели сливи користете суви кои сте ги оставиле преку ноќ да отстојат во млака вода.
Маска од тиква
– За нега на масна кожа потребни ви се 2 лажички тиква, пасирана – во вид на каша, 1 лажичка мед и 1\4 лажичка млеко. Додадете уште една лажичка сок од брусница, за нега на комбинирана кожа.
Маска од грозје
– Издробете 10тина зрна грозје во блендер и додадете една лажичка брашно. Откако ќе добиете еднолична смеса, оставете ја да делува на лицето најмногу 10 минути. Дејството на грозјето е препорачливо е исклучиво за зрел тип на кожа. Во недостиг на свежо грозје користете суво кое претходно отстојало во вода со малку јаболкова киселина (една лажица на една чаша вода).
Маска од смоква
– Смоквите се прекрасен избор за нега на лицето, заради тоа што делуваат како антиоксиданс. Внатрешноста од 2 или 3 смокви се меша со 1 лажица маслиново масло. Во недостиг на свежи смокви користете суви кои сте ги оставиле преку ноќ да отстојат во маслото и претходно сте ги избоцкале на неколку места.
Маската се остава да делува 10 до 15 минути.
Маска за сите типови на кожа
Состојки: 1 супена лажица екстра девствено маслиново масло, 1 супена лажица млеко, 1 сомелена краставица.
Подготовка: Помешајте ги сите состојки. Маската нанесете ја на лицето и оставете да делува околу 20 минути. Исплакнете со млака вода.
Маска за чувствителна кожа
Состојки: 1 супена лажица екстра девствено маслиново масло, 1 супена лажица свеж сок од краставица, четвртина банана.
Подготовка: Бананата изгмечете ја, додадете и ги останатите состојки и сето тоа добро измешајте го. Маската нанесете ја на лицето и оставете ја да делува околу 15 минути. Исплакнете со млака вода.
Маска за масна кожа
Состојки: 1 супена лажица екстра девствено маслиново масло, 1 супена лажица (по можност домашно) млеко, 1 супена лажица овесни снегулки, четвртина супена лажица сол.
Подготовка: Помешајте ги сите состојки. Маската нанесете ја на лицето и оставете ја да делува околу 15 минути. Исплакнете со млака вода.
Пилинг за тело
Состојки: 1,5 супена лажица екстра девствено маслиново масло, 1,5 супена лажица мед а може и повеќе до 3 лажици, 1,5 супена лажица сол, етерично масло по желба.
Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека да се формира мазна смеса. Пилингот нанесете го на рацете и потоа добро втријте го на сите делови од телото, а потоа темелно исплакнете со млака вода.
Маска за коса
Состојки: половина шолја екстра девствено маслиново масло, четвртина шолја мед, 2-3 капсули витамин Е.
Подготовка: Во стаклен сад ставете ги медот и маслиновото масло. Капсулите витамин Е растворете ги и нивната содржина додадете ја во мешавината. Сето тоа заедно добро измешајте го додека смесата да добие мазна текстура. Со помош на четка, смесата рамномерно нанесете ја на косата, а посебно внимание посветете на сувите краеви.
Косата прекријте ја со капа за туширање или обвиткајте ја со фолија бидејќи топлината ќе придонесе за подобра апсорпција на корисните состојки.
Оставете да делува околу 90 минути, а потоа исплакнете со млака вода. После тоа косата исперете ја на вообичаениот начин.