Потребни состојки:
35 г (5 лажици) растопен путер
Прстофат сол
33 г (3 лажици) полномасно млеко
20 г (2 лажици) кристален шеќер
Убаво се мати со жица за матење
54 г (6 лажици) просејано брашно, се додава постепено и се мати со жицата.
3 жолчки одвоени од ладни, големи јајца
Не претерувајте со матење! Мешајте само колку да се соединат состојките
3-те белки изматете ги додека да добиете црвст снег.
Исцедете малку сок од лимон и постепено додавајте 5 лажици шеќер (48 г) додека матите (3-5 мин).
Околу една лажица од снегот од белки додадете во претходната смеса и промешајте. Потоа сета смеса постепено додавајте ја во белките внимателно мешајќи за да остане воздушесто (помалку од 25 промешувања, во спротивно, со многу мешање се губи потребната конзистенција).
Половина од смесата ставете ја во претходно приготвен сад за оваа намена, одвнатре обложен со хартија за печење, а однадвор со алуминиумска хартија. Наредете листови кашкавал и наросете пармезан, па дотурете го вториот дел од смесата. Потчукнете за да излезе воздухот и израмнете.
Овој сад ставете го во поголем сад исполнет со вода. Наросете уште малку пармезан одозгора и печете во загреана рерна на 130-150 степени, околу еден час.
Погледнете го видео рецептот: