Јајчалник-најубавото старинско јадење: потпечени јуфки со јајца и млеко. Фото и рецепт на Снежана Бошкова. Многу лесно се подготвуваат, се редат во тавичка (бр.36) кори колку да се покрие тавичката, не повеќе.

Фото и рецепт: Снежана Бошкова




Се полева со малку масло врз корите, околу 100 мл. Се става во рерна загреана на 250 степени. Кога убаво ќе заруменат, се вадат од рерната и се додава млеко во кое сте изматиле јајца (13 јајца во 1 литар и 700 мл млеко), се става прстофат сол.

Фото и рецепт: Снежана Бошкова




Ова се истура врз корите потпечени и се враќа во рерна. Се пече на 250 степени околу 30 минути, па се намалува на 200. Се пробува со виљушка дали има уште течност во јајчалникот. Се исклучува рерната, се остава уште 15 минути, па се вади.

Фото и рецепт: Снежана Бошкова




РЕЦЕПТ ЗА ПОМАЛА КОЛИЧИНА:  500 г домашни кори (јуфки), 500 мл млеко, 5 јајца, сол, масло. Постапка: Корите се ставаат во тава во која има малку масло, во загреана рерна и се потпекуваат. Во меѓувреме се матат јајцата со млекото и сол по желба.

Фото и рецепт: Снежана Бошкова




Потпечените кори се поливаат со смесата од јајца и млеко. Се пече околу 30 минути. Во смесата може да се додаде и сирење по желба. А вака порано се приготвувал јајчалникот, со свежо испечени кори (фото и рецепт: Анета Ане).

Фото и рецепт: Снежана Бошкова




Може да прочитате и како едноставно да подготвите домашни јуфки: рецепт и совети. Потребни состојки: 2 кг брашно, 10 јајца, 1 лажичка сол и 250 мл млеко.

Фото и рецепт: Снежана Бошкова




Постапка: Во длабок сад се кршат јајцата и се матат со вилушка, заедно со солта. Потоа се додава млекото и постепено просеаното брашно. Се меси убаво околу 20 минути. Tестото не е големо, па така може убаво да се измеси.




За да се види дали е убаво измесено, се зема н ож и се сече тестото на средина. Ако има дупчиња во тестото значи готово е. Се дели тестото на два дела и се замотува со прозирна фолија. Потоа се остава да одмори 30 минути.




Се зема едното тесто, се развлекува кора и се сече на квадрати. Потоа со машинката се поминува секој квадрат на бр.3, па на бр.1. Така се ставаат на чист чаршав да се сушат. Се повторува постапката и со другото тесто.

Корите се сушат 30 минути на отворено или на провев. Кога ќе стврднат малку, се сечат на ленти долги 7 см и се поминуваат низ машинка или се сечат. Се оставаат на јако сонце, да се сушат. Лани правев кршени јуфки, оваа година вакви на машинка.




Потпечени Јуфки со јајца и урда, ќе ви бидат потребни следниве состојки: околу 400 г јуфки, вода по потреба, малку масло и сол, 3 јајца, 200 г урда и 100 мл јогурт.

Фото и рецепт: Снежана Бошкова

Постапка: Јуфките ги ставаме во огноотпорен сад и ги печеме во загреана рерна на 250 степени додека да поруменат, со повремено промешување. Во исто време ја ставаме водата во која додаваме сол и масло да зоврие.




Штом зоврие водата, ги полеваме потпечените јуфки колку да ги прекрие или ставете масло врз јуфките, па полејте ги со зовриена вода во која сте додале сол. Јуфките се враќаат во рерна додека да испари водата.

Фото и рецепт: Снежана Бошкова

Во еден сад измешајте ги јајцата, урдата и јогуртот и посолете по потреба и со таа смеса ги полеваме испечените јуфки. Ги враќаме во рерна додека да се допечат (со повремено промешување) околу 10-тина минути. Послужуваме додека се топли. / Coolinarka.com

Фото и рецепт: Снежана Бошкова