Речиси никој не може да му одолее, но кога ќе прочитате колку е нездрав, бидејќи придонесува за растот на клетките на ракот – ќе го заобиколувате во широк круг.

Топлиот леб е сосема нездрав, и дури и повеќе од тоа! Уште францускиот научник Етјен Вулф култивирал клетки на злокобниот тумор во раствор во кој бил додаден термофилен квасец. Клетките на ракот растеле буквално како квасец, се удвојувале и ја утројувале својата маса во текот на една недела. Кога од растворот го исфрлиле квасецот – туморот исчезнал.

Заклучок: производите co ферментиран квасец влијаат на растот на туморот, што и не е чудно co обѕир на тоа што многу од нив се стимулатори на растот и размножувањето на повеќето клетки, вклучувајќи и ги оние малигните.

Bo случај на многу болести (не само дигестивните заболувања) лекарите ги забрануваат овие производи. Поточно, би требало да се исфрли од употреба свежиот леб во кој се наоѓаат активни клетки на квасецот. Се препорачува вчерашен (иако и во него има уште многу клетки од квасецот), уште подобро е да се јаде сув леб, а најдобро е бесквасен сув леб.

Што се однесува на свежиот топол леб од печка, клетките на квасецот не само што се наоѓаат во него туку се и многу активни. Буквално во првите минути тие ja почнуваат својата разорувачка работа во организмот.

НАПОМЕНА: 

Bo еден грам сув квасец се наоѓаат од 20 до 40 милијарди клетки од габичките на квасецот. Ферментацијата на квасецот (во присуство на шеќерите од храната) во цревата предизвикува силна надуеност.

Co текот на времето во слузокожата на дебелото црево може да се образуваат гасни џебови, да се развие дивертикулоза. Слузокожата на тие места се истенчува, можна е дури и нејзина перфорација (пукање), проследена co воспаление на стомачното марамче.

Освен тоа, квасецот ја намалува отпорноста на ѕидовите на цревата, придонесувајќи за навлегување на бактерии, вируси и габички (најчесто кандида) во нив.

За да го „убиете” квасецот на едноставен начин, доволно е да го исушите лебот на плотна, во рерна или на тостер.