Ова овошје треба да се јаде секој ден пред да појадувате, ручате, вечерате…Јадењето на едно јаболко во денот помага да останете здрави, а три можат да ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми. Со држењето диета со јаболка, секоја седмица, вашето тело ќе биде полесно за по еден килограм.
Диетата ја осмислила американската нутриционистка Тами Флин, а истата подразбира пред појадок, ручек и вечера, да изедете по едно јаболко. Не смеете да го јадете јаболкото после оброк, ниту непосредно пред оброк, туку 15-20 минути пред јадењето.
На овој начин ќе го зголемите чувството на ситост и за време на оброкот во организмот ќе внесете помала количина на храна. Со други зборови, на некој начин ќе го измамите сопственото тело со тоа што ќе му обезбедите витамини, минерали и влакна, па за време на оброкот нема бидете толку гладни.
Јаболката се богати со диетални влакна кои поволно влијаат врз дигестивниот систем и го намалуваат нивото на холестерол, а исто така содржат и флавоноиди кои помагаат во спречувањето на срцеви болести и појава на рак. Во текот на оваа диета, се советува конзумирање на четири до пет оброци дневно, додека внесувањето на грицки и слатки е забрането.
Секој главен оброк треба да содржи протеини бидејќи тие го намалуваат апетитот и го забрзуваат губењето на килограмите. За да ја заситите гладта, но и да ја намалите желбата за слатки, неопходно е да јадете што повеќе разновидно овошје и зеленчук.
Од намирниците уште се препорачуваат се: обезмастен јогурт и сирење, зелена салата, брокула, јајца, говедско, риба, пилешко, овес и интегрален ориз. За ефектот на оваа диета да биде уште поголем, експертите советуваат и вежбање три до четири пати седмично во времетраење од 30 минути.
Јаболката треба редовно да ги имаме во исхраната, а не само во нашите рестрикциски диети. Тие во текот на целата годината привлекуваат со својот изглед и мирис. Јаболкото истовремено обезбедува еден вид уживање за непцето и благодет за здравјето на организмот. Прататковина на јаболкото е Европа и Југозападна Азија.
Се одгледува подолго отколку што луѓето имаат евиденција за тоа. Расте во сите температурани области, и постојат одредени видови на јаболка со потекло од Северна Америка. Денес јаболкото се одгледува низ целиот свет и постојат безброј различни видови на јаболка. Се смета за еден од најважните полјоделски култури. Јаболкото е освежително овошје со свој карактеристичен мирис и вкус кој најдобро го дефинираме како слатко-кисел вкус.
Јаболкото како главен адут во диетите
Благодарение на пектинот кој го содржи, јаболкото ни обезбедува ситост во подолг период. Поради ова, јаболкото е главна намирница при избор за мени на некоја диета, поради тоа што го постигнува чуството на ситост, односно не се чуствува глад во подолг период, а на вревата им се обезбедени и диетални влакна.
Содржи делумно моносахарид фруктоза – шеќер кој може да доведе до задоволување на желбата за благо, а исто така, не предизвикува големи „скокови“ на шеќерот и производство на инсулин, односно нема големи промени во концентрацијата на глукозата во кр-вта.
Сочните јаболка особено се препорачуваат во секојдневната исхрана на срцево болните. Печените јаболка се вкусна и хранлива закуска, која се препорачува во исхраната на пациентите кои што имаат проблеми со бубрезите и со дигестивниот систем.
Минерали: Кога јадете јаболка вие во телото внесувате многу важни минерали како што се калциумот, калиумот и фосфорот. Овие минерали му се потребни на телото за извршување на различни функции, како што се зајакнување на коските (калциум), изградба на мускули (калиум) и исфрлање на непотребните продукти ( фосфор).
Различните типови јаболка и нивната редовна употреба се особено карактеристични за нашето поднебје. Тие се дефинитивно најпопуларни овошки во нашата земја. Јаболкото потекнува од Азија, а денес е едно од најраспространетите светски овошја.
Постојат бројни различни видови на јаболка, а сите се обединети во семејството цветни растенија. Можат да се сретнат во различни бои и облици – црвени, зелени, розови, жолти и различни комбинации од овие обојувања.
Се разликуваат и според вкусовните карактеристики – од видови со висока слаткост, па сè до доста кисели видови. Во светски рамки се смета дека има над 7500 различни варијанти на јаболка. Секако, помеѓу нив има разлики во составот, но секое јаболко е одличен избор за нашето здравје.
Освен како свежо, јаболкото често се користи за подготвување на различни кондиторски производи, за подготовка на сокови, како сушено, печено, за јаболков оцет итн. За наша среќа, кај нас свежите јаболка, кои се и најхранливи, се застапени во текот на целата година.
Така, честото јадење јаболка е најдостапниот, најевтиниот и највкусниот начин редовно да внесуваме квалитетна свежа храна, односно витамини, минерали и различни фитонутриенти. Популарноста на ова овошје поттикнала навистина бројни истражувања во однос на нејзиниот квалитет и потенцијални бенефити.
Јаболката се изобилство на нутритивна храна
Јаболката се нискокалорични, а друга страна се навистина богати со цела лепеза на различни извонредно важни хранливи материи. Во едно зрело јаболко, со просечна големина има: малку калории, јаглехидрати, растителни влакна, малку природен шеќер, протеини, занемарливо количество масти, витамини како Ц, Б6, Б2, Е, К, бакар, манган, калиум, железо, магнезиум. Покрај ова, јаболките обезбедуваат и помали количества од витаминот А, други витамини од Б групата, калциум и фосфор.
Јаболката се одлични антиоксиданти
Извонредната хранлива вредност на јаболките во голема мера се должи на нивниот богат антиоксидативен состав. Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.
Јаболката се одличен антиоксидативен извор. Во оваа смисла, тие се рангирани веднаш зад брусницата, која се смета за најсконцентриран извор на ваквите компоненти. Дополнително, кај јаболката полифенолните антиоксиданти (во чиј склоп спаѓаат и познатите флавоноиди) се во т.н. слободна форма, што значи не се хемиски врзани со ниедна друга компонента во составот на јаболките. Ова резултира со нивна полесна апсорпција во дигестијата.
Јаболката го намалуваат хроничното воспаление како и хроничните заболувања, ги намалуваат симптомите на ревматоиден артритис, рак, синдром на нервозни црева и кардиоваскуларни промени. Помеѓу најзначајните антиоксиданти на јаболките најчесто се вбројуваат: катехин, кверцетин, флоризин, хлорогенична киселина.
Истражувањата утврдуваат дека голем дел од витамините и минералите, но и другите фитохемикалии, како антиоксидантите се наоѓаат токму во лушпите на јаболката и другите овошја. Заради овие причини, добро е овошјето да се јаде цело, односно нелупено.
Секако, важно е пред тоа да бидат добро и темелно измиени. Најдобро е јаболката да ги набавувате од органско потекло, односно од луѓе кои ги одгледуваат без да ги третираат со бројни пестициди.
Јаболката го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести
Самиот хранлив состав на јаболката укажува дека тие се одличен избор за здравјето на нашето срце. Содржат одлични количества антиоксидативни компоненти, растителни влакна, но и низа на минерали и фитохемикалии кои се многу важни за срцето.
Калиумот од јаболката делува на намалување на високиот кр-вен притисок, го регулира ефектот на натриумот (солта), ги опушта кр-вните садови и ја подобрува циркулацијата. Корисен ефект за здравјето и кр-вните садови имаат и магнезиумот, железото, бакарот и низата фитохемикалии кои се исто така присутни во јаболката.
Постојат цврсти докази дека храната богата со фибер, особено овошјата и зеленчукот, можат да го намалат ризикот од повеќето хронични заболувања, помеѓу кои и у-би-ецот број еден – срцевите болести.
Пектинските материи со кои се богати јаболките, се познати по нивниот потенцијал природно да го намалуваат холестеролот во кр-вта. Истражувањата покажуваат дека вискозните растителни влакна, како пектините, можат директно да делуваат на намалувањето на холестеролот во кр-вта, преку негово врзување уште кога е во дигестијата и на тој начин понатаму исфрлање преку столицата.
Јаболката придонесуваат за поуспешно слабеење, поздрава дигестија и храна погодна за лицата кои страдаат од дијабет
Како нутритивно сконцентрирана храна, јаболката содржат висок процент растителни влакна и вода, но имаат и многу мала калориска вредност. Наведените факти ја прават оваа вкусна храна особено погодна за слабеење. Освен што практично не можете да претерате со неа, таа ќе ви обезбеди и сите претходно наведени микронутриенти и потентни антиоксидативни компоненти кои нудат најразлични корисни дејства за орагнизмот.
Пектинот од јаболките во истражувањата се покажал и како природен диуретик
Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер. Други потенцијални корисни здравствени ефекти од редовното јадење различни видови јаболка: потенцијален антиканцероген ефект, помош при симптомите на астма, подрави коски, подобро здравје на мозокот, подобар имунитет и поздрава кожа. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска