Валентина Машковиќ во своите најнови видеопрезентации споделува многу вкусни рецепти за диетални јадења, меѓу кои и нејзиното омилено со тиквички а чијшто рецепт можете да го прочитате ОВДЕ.
Сите овие јадења се прават брзо, лесно и многу едноставно, а она по што се карактеристични, е дека со нив не се чувствувате гладно, а сепак ја смалувате килажата. Таа вели дека го води овој режим на исхрана веќе 2 месеци, и за тој период ослабела 17 кг.
„Веќе сум 2 месеци на овој начин на исхрана. Ослабев повеќе од 17 кг. Не мислам дека водам некоја строга диета, само го менувам начинот на исхрана“, вели Валентина која доби многу пофалби дека е видно ослабена.
Таа посочи дека има неколку рецепти кои често ги подготвува за овој режим на исхрана, а овој протеински, диетален леб е еден од нив. Одличен за оние што се алергични на глутен или се на Кето исхрана. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 супени лажици чиа семе, 4 супени лажици овесни снегулки, 100 мл врела вода, 250 г белки (1 белка просечно тежи 25 – 30 г), 1 рамна мала лажичка сол, 100 г мелено ленено семе. За поросување одозгора: сусам, ленено семе, овесни снегулки..
ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете го лененото семе и овесните снегулки, промешајте ги па залијте ги со половина чаша врела-топла вода. Оставете ги вака промешани да отстојат половина час додека да набубрат и омекнат. За тоа време измерете ги белките.
Во јајце со средна големина белката тежи приближно 25 г, а во поголемите јајца 30 г. Во зависност од нивната големина, ќе ви бидат потребни приближно 7-10 јајца, но најдобро е да ги извагате, зашто за овој рецепт ви се потребни 250 г белки.
Сипете ги во еден подлабок сад, додајте една рамна мала лажичка сол, па изматете ги пенасто 6-8 минути или колку што е потребно за да добиете цврст снег (во зависност од можноста на миксерот).
Потоа додајте 100 г мелено ленено семе, како и набубреното чиа семе помешано со овесни снегулки (течноста треба целосно да ја имаат впиено). Мешајте бавно со лажица или кујнска шпатула додека состојките да се изедначат.
Смесата треба да остане и натаму пенлива и воздушеста за да биде лебот мек. Подгответе некој помал плех или калап (мојот е 15х20 см), на дното и страните малку намастете го и обложете го со хартија за печење. Може да користите и потесен за да добиете повисок леб.
Целата смеса истресете ја во плехот, рамномерно распоредете да нема празнини и израмнете. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Одозгора наросете овесни снегулки, сусам и ленено семе. Одозгора поминете со шпатулата за да се залепи семето.
Ставете да се пече во врелата рерна, приближно 30-35 минути во зависност од садот кој сте го избрале (дебелината на лебот). После тоа исклучете ја рерната и лебот оставете го внатре да отстои уште 15-20 минути.
Извадете го на решетка за да се олади, па послужете го. Видеопрезентацијата на Валентина погледнете ја ОВДЕ. Рецептот за „ЛЕБ КАКОВ ШТО СЕКОЈ БИ ПОСАКАЛ – БЕЗ БРАШНО: Го јадеш колку сакаш и слабееш“ – прочитајте го ОВДЕ.