Овој колач не се пече, а може да го јадете додека сте на диета, без да имате грижа на совест. Не ви требаат многу состојки, а ако претпоставите се прави од овесни снегулки и 1 банана. И не, го нема оној брашнест вкус бидејќи овесот се меле во блендер како брашно.
Колачот е доста сочен, и нема да прептпоставите дека е толку здрав бидејќи изгледа многу декоративно и богато, како да е преполн со шеќери. Напротив, ви требаат овие состојки, и најважно од сè, не треба печење. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 130 г овесни снегулки, 75 г црно чоколадо (без шеќери), 1 банана (околу 100 г без лушпа), 40 г темно чоколадо, 30 мл растително млеко, сечкани лешници или други јатки по ваш избор (опционално).
ПОСТАПКА: Овесните снегулки сомелете ги во блендер, на најситно. Треба да изгледаат како овесно брашно, без останати делчиња од нив. Чоколадото се крши на коцки за полесно да го стопите на пареа или директно на рингла.
Потоа, потребно ви е околу 100 г банана која треба да ја излупите, па да ја додадете во блендерот со измелените овесни снегилки. Одозгора прелијте го растопеното чоколадо и сите состојки изедначете ги во блендерот.
Смесата треба да изгледа нешто како влажен песок, да биде соединете, мека, но густа. Земете еден калап со димензии 20х8 см или слични на него (во рецептот се користи гумен калап за полесно да се извади колачот од него) и излејте ја смесата.
Со помош на шпатула, израмнете подеднакво насекаде и одозгора натапкајте нежно со задниот дел на една лажица. Потоа со истата лажица лесно испрскајте ја смесата со малку водичка и ставете ја во фрижидер да се стегне околу 2 часа.
По изминатото време се растопува уште малку чоколадо со млекото и глазурата се прелива врз стегнатиот колач. Израмнете го чоколадниот фил одозгора, а декорирајте со јатки како лешници, ореви, бадеми (ситно сечкани) по ваш избор.
Колачот се става во фрижидер да се стегне уште 15 минути, а потоа се вади од калапот и се сече на правоаголници. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.