Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss) – Брз сочен колач со јаболка – Многу брз, лесен и вкусен кој како што и самиот наслов кажува, многу лесно се приготвува. Се состои од суви и влажни состојки, не можете да погрешите.
Потребни (суви) состојки: 1 шолја гриз, 1 шолја мелени ореви, 1 шолја шеќер, 4 лажици брашно, 1 прашок за печење, 1 лажица арома од ванила или 4 кесички ванила шеќер. Потребни (влажни) состојки: 1 шолја млеко, 1 шолја масло, 2 јајца, 4 рендани јаболка. За глазура: 100 г чоколадо (може и млечно), 50 г маргарин/путер.
Постапка: Самото име на колачот покажува колку е лесна постапката за негово подготвување. Измешајте ги сувите состојки во посебен сад, а посебно измешајте ги влажните состојки.
Потоа сувите состојки постепено додадете ги во влажните и убаво измешајте додека да се изедначи смесата. Добиената смеса излејте ја во тава бр.28 претходно намастена и набрашнета, и печете ја на 180-200 степени околу половина час.
За глазура: Растопете го чоколадото на пареа или на тивок оган заедно со маргаринот. Исечете го речиси изладениот колач на парчиња и прелијте го со глазурата. Колачот е едноставен за правење и многу сочен и вкусен за јадње. Уживајте!
Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss)