Потребни состојки:

4 големи кисели јаболка

100 г ореви

4 супени лажици мед

1 супена лажица суво грозје

Постапка:

Јаболките не треба да се лупат, само убаво да се измијат и кората да се протрие со сода бикарбона па да се исплакне. Со нож или со лажичка извадете ја средината од јаболката, но внимавајте да не го оштетите долниот дел.

Оревите издробети ги на поситно и измешајте ги со сувото грозје.

Со оваа смеса полнете ги јаболката.

Варете ги јаболката (најдобро на пареа) околу 15 минути.

Медот се додава непосредно пред сервирање.