Мевлемот од невен, ајдучка трева, кантарион, тегавец и лаванда е вистинско богатство и затоа секогаш треба да го имате дома … Многу е ценет кога станува збор за лекување на кожни болести како што се: егзема, црвенило, дерматитис.

Потребни состојки / фотографија и рецепт на Сара Јукиќ

Помага и за лекување на хемороиди, побрзо зараснување на ра-ните, исе-ченици и из-гореници. Исто така, се препорачува и за третирање на проширени вени. Нежно се нанесува на зафатената област, без притисок, или во вид на облоги.

Ајдучката трева го добила своето име според ајдуците кои знаеле за нејзините лековити м-оќи, така што тие секогаш со себе имале мелена ајдучка трева во ситен прав, која ја ставале на ра-ните.

Невенот се користи со векови за правење на лековити масти кои ги ублажуваат алергиските реакции на кожата. Кантарионот е фантастичен лек за исе-ченици, из-гореници, у-боди и ра-ни.

Благодарение на алантоинот, тегавецот стимулира создавање на нови здрави клетки во кожата и на тој начин ја забрзува епителизацијата на ош-тетеното ткиво. Есенцијалното масло од лаванда е најпопуларното есенцијално масло кое се користи во ароматерапијата.

Всушност потеклото на ароматерапијата е поврзано со ова растение. Додека експе-риментирал во својата лабораторија, францускиот хемичар Гатфос, основач на модерната аромотерапија, си ја из-горел раката. Несвесно, тој ја втурнал раката во сад полн со есенцијално масло од лаванда.

Тој бил фасциниран од ефектот. Б олката исчезнала, меури не се појавиле, из-гореницата многу брзо исчезнале и воопшто не се појавила луз-на. Мевлемот направен од овие пет м-оќни растенија е многу ефикасен во лекувањето на сите кожни болести.

Потребни состојки: 100 г свинска маст испрана во 9 води, 5 убави цветови/гранчиња ајдучка трева, 5 цветови невен и 5 големи листови тегавец. И уште: 50 мл кантарионово масло, 10 г пчелин восок и 25 капки есенцијално масло од лаванда.

невен

Се подготвува на следниов начин: ставете 100 г свинска маст во сад и исплакнете го со малку ладна вода. Убаво промешајте со лажицата додека почувствувате дека маста омекнала. Истурете ја водата и повторете ја постапката 9 пати.

бела ајдучка трева

Маста ставете ја во не‘рѓосувачки сад да се загрева на тивок оган и кога ќе се стопи целосно, додајте ги цветовите и листовите заедно со петте стебленца трева од ајдучка трева, 5 цветови од невен (со лист и мало гранче) и 5 листови тегавец.

тегавец

Кога ќе започне да врие, тргнете го садот од оган и мешајте со виљушка 3 минути. Поклопете и оставете да отстои 24 часа. Следниот ден загрејте го садот на тивок оган со постојано мешање колку да се растопи маста, а не да зоврие.

Кога ќе се растопи смесата, процедете ја низ чиста газа. Во посебен сад измешајте 50 мл масло од кантарион и 10 г природен пчелин восок. Загревајте на пареа со постојано мешање.

кантарионово масло

Веднаш штом восокот се стопи, измешајте го со исцедениот мевлем кој претходно го добивте од ајдучка трева, невен и тегавец, па оставете го да се излади 10 минути.

масло од лаванда

Додајте 25 капки есенцијално масло од лаванда, измешајте добро и складирајте во чисти и целосно суви тегли или специјални кутивчиња. Мевлемот чувајте го на ладно и темно место. / Фотографија и рецепт на Сара Јукиќ

пчелен восок