Сигурно ќе си помислите: „Како ли не не го знаев овој рецепт досега?“ Одлична идеја како да јадете повеќе зеленчук вие и вашите деца, приготвен на многу вкусен начин. Многу брзо и лесно се подготвува. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: половина главица зелка (500 г), 1 голем морков, 1 грст свеж магдонос, 4-5 јајца, 1 мала лажичка сол (8 г), 1/2 чаша млеко (90 мл), 3 супени лажици брашно (80 г), 1 мала лажичка црн пипер или по вкус, 4 супени лажици растително масло (25 мл), сусам за наросување одозгора.
ЗА СОС: 1 голем морков (или 2 помали), 2 чешниња лук, 3 супени лажици маслиново масло (20 мл), свеж магдонос и 3 супени лажици цврст јогурт или кисела павлака (160 г)
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Пита-палачинката можете да ја испечете во рерна (под фолија), а ние ќе ви презентираме како да ја испечете во тавче на рингла. Најрпво измијте го зеленчикот и исчистете го од евентуални дамки. Зелката ситно исечкајте ја, магдоносот исто така, а морковот изрендајте го.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа зеленчукот ставете го во еден поголем сад и измешајте го. Во посебен сад изматете четири јајца и посолете ги со една лажичка сол. Додајте 90 мл млеко, 80 г брашно и малку црн пипер по вкус (со зелката одговара и повеќе црн пипер, но не повеќе од една ипол лажичка).
![]()
![]()
![]()
![]()
Матете сè додека да исчезнат сите грутчиња. Треба да добиете убава течна и мазна смеса, со конзистенција на јогурт, односно како тесто за палачинки. Излејте ја во зеленчукот и промешајте. Потоа во нелеплива тава ставете околу 3 лажици масло (20 мл) да се загрева на умерена температура. Добро намастете ги и ѕидовите на тавата за да се создаде нелеплив ефект.

![]()
![]()
![]()
![]()

Излејте ја содржината во загреаната тава, распоредете и израмнете. Одозгора наросете сусам. Поклопете одозгора со капак и оставете да се готви пет минути на умерена температура. Со шпатула поткренете ја питата-палачинка и проверете дали дното е заруменето, па превртете ја врз широка чинија.






Во тавата повторно налејте малку масло, почекајте една минута да се загрее, па вратете ја „палачинката“ да се испече и од другата страна. Поклопете со капакот и печете уште три минути. Проверете дали е заруменета, па извадете ја врз чинија.

![]()
![]()
![]()
![]()
ЗА СОС: Исчистете го и изрендајте го морковот, додајте две чешниња лук ситно исечкани или рендани, налејте малку маслиново масло (20 мл) и запржете го зеленчукот на умерена температура додека да омекне. Тргнете на страна да се олади.
![]()
![]()
![]()
![]()

Настрана ситно исечкајте свеж магдонос околу половина китка или еден грст, па додајте 160 кисела павлака или цврст јогурт, промешајте и додајте го омекнатиот и оладен морков. Зачинете доколку сакате по вкус и убаво промешајте за да се изедначат состојките.

Исечете ја питата- палачинка и послужете ја со вкусниот сос. Ова јадење е многу повкусно од месо, а лесно и брзо се приготвува, одлично за појадок или вечера, а може да се послужи и за ручек. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.











