Овој природен лек одамна е познат и идеален е за почеток на денот. Ако секое утро се земе по една лажица мешавина од лимонов сок и маслиново масло, може многу да се придонесе за подобрување на целокупното здравје на организмот.




Овие две состојки веќе сами по себе се многу здрави, но кога ќе се помешаат и ќе се внесат во организмот на гладен стомак, оваа мешавина придонесува за подмачкување на слузокожата на желудникот и цревата.




Исто така, овозможува природно чистење на дебелото црево и подобрување на функцијата на црниот дроб и жолчката. Станува збор за силни антиоксиданси кои чистат сè, па така претставуваат одличен де-токс за организмот.




Маслиновото масло треба да биде ладно цедено и што поквалитетно, бидејќи тоа самото по себе е исклучителен лек кој може да се користи внатрешно и надворешно. Квалитетните маслинови масла се одлични и за нега на кожата. Меѓу другото, тоа го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем.




Го намалува „лошиот“ холестерол и ја подобрува циркулацијата на кр-вта, како и здравјето на вените и артериите. Лимоновиот сок пак изобилува со мноштво витамини и претставува одличен чистач на организмот и придонесува за намалување на маснотиите. По можност бирајте органски лимон.




Една од најголемите предности од мешавината на маслиново масло и лимонов сок на празен желудник, е ефикасното чистење на црниот дроб. Некои симптоми како што се отекување на зглобови, непријатен здив во устата, главоболки и слично, укажуваат дека е време за чистење на организмот.




Комбинацијата од маслиново масло и лимонов сок е природно и ефикасно решение. Ако сте отечени, уморни и тромави, вашиот организам веројатно е преоптеретен со ток-сини. Ло-шата храна и спориот метаболизам се едни од главните причинители за преоптоварен црн дроб и жолчна кеса.




Со редовно конcyмирање на комбинацијата од барем еден месец секојдневно, ќе се поттикне метаболизмот и ќе се забрза процесот на деток-сикација, а тоа е токму она што му е потребно на уморниот организам.




ЗА ШТО ПОМАГА КОМБИНАЦИЈАТА? Го подобрува варењето, помага при опстипација и чистење на цревата, го ели-минираат непотребното од организмот, има противвоспалителни својства, помага кај ревма и зглобови, според некои извори ги топи камчињата во жолчното кесе и бубрезите.




КАКО СЕ КОРИСТИ И КОЛКУ ДОЛГО СЕ КОРИСТИ? Ова е една здрава навика. Кога ќе се разбудите ставете маслиново масло во една супена лажица, а во неа накапете неколку капки лимонов сок (мешавината може да биде и 50:50). Испијте ја содржината од лажицата.




После половина час можете да појадувате. После некое време луѓето што го практикуваат овој метод започнуваат да се чувствуваат многу подобро. Маслиновото масло во комбинација со лимоновиот сок може да се пие секојдневно.

Тоа е сосем мала количина незаситени масти што на секој човек му се потребни. Оваа мешавина исто така, може да се користи и за зачинување на разни салати.