Колачот се нарекува „Изненадувачки куглоф“ затоа се подготвува малку на поинаков начин од останатите колачи од овој тип, а чоколадниот сируп се прелива пред да се исшече колачот. Не е само оваа постапка измемадувачка, туку и самиот резултат.




Добивате превкусен, сочен и мек како пена колач кој се топи во уста. Овој го изедуваме додека е сè уште топол, толку сме нестрпливи. Запишете си го овој рецепт и пригответе го, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ (се мери со чаша од 200 мл): 1 чаша шеќер (160 г), 1/2 чаша какао во прав (45 г), 2 супени лажици несолен путер или маргарин (50 г), 1 чаша вода (200 мл). ЗА ТЕСТО: 3 јајца, 1,5 чаша шеќер (240 г), 3/4 чаша масло (150 мл), 1 чаша какао во прав (90 г), 2 чаши брашно (200 г), 1,5 лажици прашок за печење (21 г), 1 чаша млеко (200 мл), чоколадни трошки за декорација




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете една чаша шеќер, половина чаша какао во прав, две супени лажици несолен путер и една чаша вода, па ставете да се загрее на умерена температура со непрекинато мешање додека да проврие и сите состојки да се соединат. Од моментот на зовриевање оставете една минута, па тргнете настрана да се лади.




ЗА ТЕСТО: Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со миксер додека тоие да започнат да се згуснуваат, па додајте го шеќерот (одеднаш или постепено, како повеќе преферирате) и матете сè додека шеќерот да се растопи и смесата да стане кремаста.




Потоа додајте го какаото, брашното помешано со прашок за печиво, млекото и маслото, па продолжете да матите со миксерот (прво на поспора брзина, а потоа и на побрза), додека сите состојки да се изедначат и да добиете хомогена смеса без грутчиња. Прашокот за печиво можете да го додадете пред крајот од матењето или заедно со брашното.




Добро намастете го калапот за куглоф (27х8 см) со путер или маргарин, па излејте ја преготвената смеса. протресете и потчукнете го калапот за да се распореди рамномерно и да излезат евентуалните воздушни меурчиња.




Одозгора прелијте го чоколадниот сируп, точно во средината на калапот за да разлее рамномерно. Вака подготвениот колач ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 50 минути. Проверете со чепкалка кога е готов.




Превртете го врз десертна чинија, ќе забележите дека дното е останато малку сочно од преливот. наросете чоколадни трошки или рендано чоколадо и вашиот колач е спремен за послужување. Деталите од целата постапка мможете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.