Перфектна идеја, се надеваме дека ќе ви се допадне. Рецепт и видео презентација на Pratik Yemek Tarifleri: овошен колач од кој прекрасно ќе ви замириса домот додека се пече. Многу вкусен колач со суво овошје и шлаг крем кој ќе ве освои по првиот залак.

може да користите џем кајсии, мешан џем..
или џем од јагоди, сливи
комбинација…

Потребни состојки: 300 г џем (по ваш вкус), 10 г сода бикарбона (1/2 лажица), 3 јајца, 100 мл масло за готвење (една шолја), 240 г брашно (2 шолји), суви кајсии и суво грозје.

За крем: 200 мл слатка павлака/крем сирење/шлаг и 60 г шеќер во прав (4 лажици). За наросување одозгора: 20 г мелени/ситно сечкани ореви или лешници. За калапот потребна е една лажичка путер (5 г) и една лажичка брашно (5 г). Колачот се пече на 180 степени, 35 минути.

во подлабок сад ставете 300 г џем и половина лажица сода бикарбона
промешајте за да се изедначи
мешајте додека смесата да побели

Постапка: во еден подлабок сад за матење ставете 300 г џем од кајсии или каков сакате по ваш вкус и додајте половина супена лажица сода бикарбона (10 г). Со жица маталка добро промешајте додека состојките убаво да се изедначат. Мешајте неколку минути додека смесата да побели.

додајте три јајца
промешајте
додајте 100 мл масло за готвење

Потоа додајте три цели јајца и продолжите да мешате со маталката. Кога јајцата ќе се инкорпорираат во смесата, таа треба да стане мазна и жолта од жолчките. Потоа додајте една шолја масло (100 мл) и 240 г брашно. Брашното е најдобро да се додава постепено додека се меша со маталката.

постепено додајте 240 г брашно
тестото излегува најубаво ако брашното се просее

Исто така, најдобро ви било брашното да го просејувате додека постепено го додавате, затоа што бисквитот поубаво ќе нарасне додека се пече. Мешајте постојано за да нема грутчиња од брашното. На крај тестото за кората треба да биде мазно, полутечно, малку погусто од смесата ја палачинки (погледни видео).

тестото треба да биде мазно без грутки од брашното
земете суво овошје по ваш избор
ситно исечкајте го
и додајте го во тестото

Земете една мала чинија со суво овошје по ваш избор, на пример еден грст суво грозје и 4-5 суви кајсии и 4-5 суви смокви. Кајсиите ситно исечкајте ги. Може да користите било какво суво овошје: урми, брусница, смокви, грозје, ананас, кајсии, кокос… Нема потреба претходно да го натопувате.

промешајте за да се изедначи смесата
тестото е готово

Исечканото суво овошје додајте го во приготвеното тесто за бисквит и промешајте за да се распореди рамномерно и изедначи. Со половина лажичка путер намастете помал калап за торти, а потоа наросете го со брашно. Вишокот брашно истресете го (потребно ви е околу лажичка брашно).

калапот намастете го со путер
и набрашнете го
во средината поставете дебела чаша која може да издржи висока температура

Во средината од калапот поставете една стаклена, подебела чаша, а потоа излејте ја приготвената смеса и рамномерно распоредете ја околу чашата. Малку протресете го калапот за да излезат евентуалните воздушни меурчиња, но внимавајте да не ја поместите чашата.

излејте ја смесата
распоредете ја и ставете да се пече на 180 степени, 35 минути

Истиот ефект само без чаша, можете да го постигнете и со калап за куглоф кој има прстенеста преграда во средината. Може да користите и калап со било кој друг облик. Колачот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно 35 минути, но сепак, проверете со чепкалка.

изматете шлаг, слатка павлака или крем сирење со 4 лажици шеќер во прав
кремот треба да биде доста густ
ставете го во кеса или шприц за декорирање

Додека се пече бисквитот, пригответе го филот: Во еден длабок сад ставете 200 мл ладна слатка павлака и додајте 4 супени лажици шеќер во прав. Доколку е слатка самата павлака, тогаш количината на шеќер намалете ја според ваш вкус. Наместо слатка па влака може да користите шлаг крем или крем сирење.

направете засек за да може полесно да се пресече колачот на две кори
поминете низ средината со конец за заби повлекувајќи лево-десно

Павлаката или шлагот изматете ги со миксер според упатството додека да добиете убав крем. Потребно е да се микса околу 7 минути за да се постигне тој ефект. Шлаг кремот наполнете го во шприц или кеса за украсување. Печениот колач извадете го од рерна и оставете го да се излади.

ќе добиете две кори
филувајте со половина од кремот
поклопете со горната половина
нанесете го остатокот од кремот

Извадете ја чашата, а потоа извадете го и колачот од калапот за да го поставите врз чинија или подлога за сервирање. Пресечете го хоризонтално на половина, така да добиете две кори. Најпрво засечете го од страните за да ја обележите линијата, а потоа со помош на конец за заби направете го засекот (погледни видео).

декорирајте со мелени или сечкани ореви

Со половина од филот премачкјате ја долната кора, поклопете со горната кора, па нанесете го остатокот од кремот. Одозгора нанесете ситно сечкани ореви или лешници (нешто по ваш извор), па сечете и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

послужете и уживајте во вкусот