I РЕЦЕПТ – СЛАДОЛЕД ТОРТА – Измати, филувај и уживај – без печење. Освежителна торта сладолед која освен што прекрасно изгледа, има и преубав вкус. Ќе уживате во неа! Рецепт и видео презентација на Бојана од „Бокина кујна“ – Сладолед торта.
Потребни состојки: 1 литар млеко, 300 г шеќер, 2 ванилин шеќер, 500 г шлаг (во прав), 300 мл газирана вода, 200-300 г ореви, 250 г млечно чоколадо (милка или по вкус), 200 г плазма, 40 г желатин (4 кесички и малку вода). Колачот се приготвува во плех со димензии 36х26 см
Постапка: млекото заедно со шеќерот и ванилин шеќерот ставете ги во едно тенџере на умерен оган, па откако ќе зоврие мешајте и варете уште 5 минути за да се растопи убаво шеќерот. Потоа тргнете го на страна тенџерето и оставете да излади.
Шлагот кој можете да го купите и на мерење од продавниците за здрава храна, изматете го заедно со газираната вода. Миксајте додека да добиете цврст шлаг.
Желатинот од кесичките измешајте го со малку млака вода според упатството и оставете го да набубри. Потоа растопете го на пареа и додајте го во млекото. Промешајте убаво за да се раствори во млекото, а потоа оставете да згусне исто како пудинг или гриз.
Кога ќе згусне млекото измешајте го со лажица. Изматениот шлаг постепено додавајте го во згуснатото млеко и изматете со миксер. Кога ќе целосно ќе ги соедините двете смеси (шлагот и желтинозното млеко), добиениот крем поделете го на три еднакви делови.
Во првиот дел додајте мелена плазма и промешајте да се изедначи. Најдобро е смесата да ја измиксате. Во вториот дел додајте мелени ореви или лешници по избор, а во третиот дел додајте растопено млечно чоколадо (исто така, по ваш ибор). Какво чоколадо ќе употребите, таков ќе биде вкусот на овој крем.
Плехот убаво обложете го со проѕирна фолија од сите страни и внимавајте да нема набори затоа што ќе останат видливи кога колачот ќе се стегне. Прво ставете фил од плазма и убаво израмнете, па фил од чоколадо и на крај фил од ореви. Со секое нанесување на секој следен фил внимавајте да нема воздушни празнини.
Израмнете ја убаво површината и тортата ставете ја преку цела ноќ во фрижидер за да се стегне. Следниот ден превртете ја врз тацна и отстранете ја фолијата. Одозгора украсете ја по желба, сечете и послужете. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ – Сладолед торта: Освежување за летните денови – брзо е готова а многу вкусна. Ќе се изненадите од овој лесен вкус во кој се ужива.
Потребни состојки: 500 мл слатка павлака, 500 мл кисела павлака, 150 г шеќер, 160 г чоколадо, 10 издробени или мелени бисвити и малку дробени лешници, бадеми, ореви
Постапка: изматете го шлагот, додадете кисела павлака и шеќер, па добро измиксајте. Растопете го чоколадото на пареа. Во еден сад ставете 1/3 од кремот, наросете третина од мелените бисквити, лешници, ореви и бадеми.
Можете да користите само еден вид јаткасти плодови или комбинација од нив. Додајте и половина од растопеното чоколадо. Повторно ставете смеса од шлаг и павлака, па повторете ја постапката со бисквити, лешници и чоколадо.
Ставете ја преостанатата смеса од шлаг и павлака. Оставете преку ноќ добро да замрзне. Пред послужување извадете ја 15-тина минути, полесно да се сече. Послужете со чокладен прелив, овошен прелив или нешто по ваш вкус. / Coolinarika.com