По неколкудневното “гушење” во маглата и смогот кои го имаа оковано главниот град, денес, конечно мерните места за штетните ПМ честички покажуваат нивно ниско присуство во воздухот.
Ваквиот развој на настаните, кој го најавија метеоролозите во текот на вчерашниот ден, се оствари, поради умерениот ветер кој дуваше во текот на ноќта и дождот кој исто така беше со умерен интензитет.
Сепак, наш совет е да се качите на повисоките делови од градот и таму да поминете еден до два часа, бидејќи сообраќајот во Скопје и во сабота знае да биде со зголемен интензитет.