Кога ќе ја пробате оваа пита, ќе се воодушевите од вкусот. Рецептот го најдов на интернет и на почетокот се сомневав дека е толку убаво како што го испофалија. А еден ден кога немав идеја за ручек ги направив овие питички со мелено месо и сите ми ги пофалија.




Толку беа вкусни што за вечера ги направив уште еднаш. Покрај тоа многу најадуваат, а од стрвност ќе земете уште едно парче. Ете толку се вкусни, а се прават од следниве состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г брашно, 1/2 мала лажичка инстант квасец, 2 големи лажици шеќер, 1 мала лажичка сол, 1 јајце, 300 мл вода на собна температура. ЗА ФИЛОТ: 300 г мелено месо (говедско, но може и по ваш избор или мешано), 300 г сирење, 1 јајце, сол, црн и црвен пипер за зачинување, уште 250 г брашно и 2 големи лажици растопен путер.




ПОСТАПКА: Ставете го брашното во еден сад. Направете мала вдлабнатина на средина и во неа ставете го квасецот. Потоа додајте 2 лажици шеќер, 1 мала лажичка сол, 1 јајце и 300 мл вода, претходно отстојана на собна температура.




Соединете ги сите состојки додека целосно да се инкорпорираат, па потоа додајте 2 лажици растопен путер. Ќе добиете полугуста смеса која ќе биде леплива. Вака подготвената смеса покријте ја со крпа и оставете ја да одмори 30 минути.




За тоа време подгответе го филот: Добрата страна на овој рецепт е тоа што меленото месо не треба претходно да се готви, туку ,,живо” се става во рерна и таму ќе си се направи. Меленото месо ставете го во еден сад, па во него додајте го ренданиот кашкавал.




Зачинете по ваш вкус со сол, црн и црвен пипер, а може да ставите и оригано и мајчина душица. Измешајте ги сите состојки рачно. Месото поделете го на 4 еднакви делови и од секој ден направете плескавици со иста дебелина, треба да бидат малку подебели, а помали во дијаметар.




По изминатото време, префрлете го тестото на набрашнета површина од преостанатото 250 г брашно и замесете го така што постепено ќе му додавате брашно колку што му е потребно. Кога тестото убаво ќе се формира и ќе биде меко, тогаш е готово, а не треба ни да се лепи под прсти.




Тестото се дели на 4 еднакви делови и секој дел се формира во топче. Потоа со оклагија се развлекуваат тестата посебно колку што може повеќе, отприлика треба да имаат големина колку 1 голема рамна чинија. Вака подготвени, наредете ги тестата во плех обложен со хартија за печење.




Врз секое парче тесто се става плескавицата/ќофтето кое претходно го направивте. Тоа треба да го опфаќа целиот средишен дел на тестото, а од страните да биде само тесто како кора за пица. Премачкајте одозгора со јајце и ставете на печење 180 степени. За 30-35 минути треба да се готови. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.