Луѓето обично го започнуваат денот со шолја кафе. Кафето е диуретик и помага за подобро празнење на цревата, но кафето исто така може да ве вознемири и да влијае кај оние луѓе кои имаат проблем со притисокот.

Најновите совети од нутриционистите, во последните години е, денот, наместо со кафе, да го започнете со млака вода.

Водата исто како и кафето ќе ги раздвижи цревата, но и ќе постигнете целосно утринско миење на организмот.

Но има и нешто друго. За оние кои сакаат да ги намалат килограмите, ќе ви откриеме рецепт со ВАРЕНИ ЛИМОНИ, лук и ѓумбир!

Сте прочитале и пробале многу диети, но оваа сигурни сме, досега не сте ја сретнале. Вреди да се проба!

Потребни состојки:

– 5 лимони

– 20 грама свеж ѓумбир

– Лук (4 чешниња)

– Минерална вода (2 литри)

Подготовка:

Лимоните најпрво добро измијте ги под млаз вода.

Потоа исечети ги на средина, отстранете ја кората и ставете ги во блендер.

Додадете ги чешнињата лук, излупете и додадете го и ѓумбирот.

Изблендирајте ги добро состојките, ша ставете ги во водата да се варат. Додадете ја и кората од лимонот, која претходно ја отстранивте.

Варете десетина минути, потоа оставете да се олади. Напитокот, без кората од лимоните, ставете го во стаклен сад и чувајте го во фрижидер.

Напитокот пијте го во текот на денот.

Оние кои го користат овој напиток, велат дека им се забрзува метаболизмот и им се намалиле килограмите.