Сливите се полни со хранливи состојки кои ги штитат коските и го подобруваат целокупното здравје. Тие се можеби една од најважните намирници кои треба секодјневно да се консумираат за здраво стареење.




Еве што ќе му се случи на вашето тело, ако дневно изедете 6 сливи (свежи или суви)… Сувите сливи се фантастична намирница за вашето здравје, а еве и зошто: (I) Бидејќи нè заштитуваат од кардиоваскуларни болести и други хронични тегоби.




(II) Помагаат во спречување на дијабетес тип 2 и дебелина (III) Свежите и сувите сливи помагаат во намалување на нивоата на холестеролот и триглицеридите (IV) Помагаат во подобрување на здравјето на коските и го намалуваат ризикот од остеопороза (V) Претставуваат добар извор на витамин К и бета каротен.




Можеби не изненадува фактот дека сувите сливи не се најомилената намирница кај многумина, поради нивното лаксативно дејство и блиската поврзаност со ублажување на опстипацијата.




Сувите сливи со децении се продаваат како популарен лек за запек, главно поради овие три компоненти: влакна, сорбитол (шеќерен алкохол кој може да ја омекне столицата) и природно лаксативно соединениние наречени дифенил исатин.




Покрај корисниот ефект што го има врз дигестивниот тракт и фактот дека нуди слатко задоволство за само 30 калории, свежите и сувите сливи имаат бројни други чудесни здравствени својства. Ќе наброиме само неколку.




ШТИТАТ ОД КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ И ДРУГИ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ

Свежите и сувите сливи содржат високо ниво на фитонутриенти кои се нарекуваат феноли. Тие се особено високи во два единствени фитонутриенти кои се наречени неохлороген и хлогена киселина.




Бројни истражувања покажуваат дека овие фитонутриенти спречуваат појава на клеточно оштетување, особено кога станува збор за оксидација на липидните молекули во телото.




Со оглед на тоа дека клеточната мембрана, како и клетките на нашиот мозок во најголем процент се изградени од липиди, ова се важни фитонутриенти кои е потребно да се имаат во исхраната. Исто така е откриено дека овие соединенија инхибираат оксидација на ЛДЛ холестеролот во телото, што го прави важен фактор во превенција од хронични болести.




ПОМАГААТ ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА ДИЈАБЕТЕС ТИП 2 И ДЕБЕЛИНА

Свежите и сувите сливи содржат многу растворливи влакна кои помагаат во одржување на стабилно ниво на шеќерот во кр-вта. Растворливите влакна ја успоруваат брзината со која храната се дигестира и како резултат на тоа, се одложува апсорпцијата на шеќерот.




Растворливите влакна, исто така, ја зголемуваат инсулинската чувствителност на организмот. Растворливите влакна покрај тоа, помагаат да се чувствувате сито и задоволно после оброк, што може да спречи прејадување и постепено дебелеење.

ГО НАМАЛУВААТ ХОЛЕСТЕРОЛОТ

Растворливите влакна за кое се говореше претходно, помагаат и да се намали нивото на холестеролот, така што го впиваат вишокот жолчен сок во цревата и го излачуваат. Жолчката се прави од холестеролот во црниот дроб за да можат да се разложат внесените масти.

Кога телото излачува жолчен сок заедно со влакната од сливите, црниот дроб мора да го користи холестеролот од телото за да создаде повеќе жолчен сок, со што се намалува вкупната количина која циркулира во телото.

Растворливите влакна исто така, можат да го инхибираат холестеролот кој го произведува црниот дроб. Истражувањето од 2011 покажало дека сувите сливи се поефикасни од псилиумот во ублажување на опстипацијата.

ПОМАГААТ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА КОСКИТЕ И ГО НАМАЛУВААТ РИЗИКОТ ОД ОСТЕОПОРОЗА

Студија од 2011 година покажала дека сливите се најефикасното овошје за спречување и престанок на слабеењето на коските, поради богатите извори на фенолни и флавоноидни соединенија.

ОДЛИЧЕН ИЗВОР НА ВИТАМИН К И БЕТА КАРОТЕН

Студија од 2013 година покажала дека зголемениот внес на бета каротен всушност, може луѓето да ги направи посреќни. Бета-каротенот исто така, штити и ги поправа клеточните оштетувањата од направени слободните радикали, што значи дека може да помогне во стопирање на знаците за стареење. Витаминот К делува заедно со бета каротенот во борбата против знаците за стареење, подобрување на циркуацијата и одржување на коскената густина.

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.