„Иванско цвеќе“ има долга традиција во народната медицина за јакнење и чистење на црниот дроб. Ова веројатно е поврзано со средновековната теорија според која – билките според формата и изгледот потсетуваат на соодветниот орган кој го лекуваат (билките за лекување на црниот дроб имаат бела или портокалова боја).
За лекување на црниот дроб, иванското цвеќе се комбинира со билката Ива и Глуварче.
Ова цвеќе благотворно делува врз урогениталниот тракт. Најдобри резултати дава кога се меша во еднаква мера со златница. Дневно се пие по еден литар чај поделено во три еднакви дози.
Народната медицина иванското цвеќе го цени и како средтсво за запирање на обилни менструални или крвавења од хемороиди во комбинација со Руса или Ајдучка трева.
ЧАЈ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ
Потребни состојки:
100 г Иванско цвеќе (Galium verum)
100 г Трева Ива (Teucrium montanum)
100 г корен од глуварче (Taraxacum officinale)
Постапка:
Сите билки измешајте ги, па една супена лажица од мешавината прелијте со 300 мл зовриена вода. Измешајте, поклопете и оставете да отстои еден час. Процедете и пијте половина час пред јадење, незасладено.
Облога против псоријаза
50 г свежо иванско цвеќе сомелете на машина за мелење месо или бо блендер. Додадете една мала лажичка невеново масло и промешајте. Во тенок слој намачкајте го болното место. Обложете со газа па оставете да делува половина час. Измијте со ладна вода, исушете го местото па намачкајте со гел од алое.
Покрај облозите, треба да се пие чај од Viola tricolour. Две супени лажици од оваа сува билка се прелива со половина литар ладна вода па се вари 2-3 минути. Тргнете од оган, поклопете и оставете да отстои половина час. Процедете и пијте незасладено.
Чај за урогенитален тракт
Потребни состојки:
100 г Иванско цвеќе (Galium verum)
100 г Златница (Solidago virgo-aurea)
Постапка:
Две супени лажици сува билка прелијте со половина литар ладна вода и варете 2-3 минути. Тргнете од оган, поклопете и оставете да отстои половина час. Процедете и пијте незасладено, трипати на ден.