Да го искористиме максимално времето на јагодите додека сè уште ги има на пазарите и да ги приготвиме најубавите и најслатки десерти. Денес ќе ви претставиме еден рецепт за колач со јагоди кој се приготвува за многу кратко време, многу лесно и едноставно. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл слатка павлака (веќе засладена, а доколку не е, додајте 2 лажици шеќер во прав или по вкус), 800 г + 150 г свежи јагоди (или овошје по избор, малини, шумско овошје, банани..), 300 г пишкоти (дебели бисквити) и шеќер во прав за наросување.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад изматете ја слатката павлака која треба да биде ладна, од фрижидер. матете со миксерот додека да згусне како шлаг, но претерувајте да не се создадат грутчиња. Јагодите измијте ги под млаз ладна вода и исчистете ги од петелките.




Осумсто грама јагоди ставете ги во подлабок сад и со рачен блендер измиксајте ги додека да добиете густа каша. Остатокот од 150 г јагоди исечкајте ги на ситни коцкички. Пирето од јагоди додајте го во шлагот од слатка павлака.




Изматете со миксер на спора брзина додека двете состојки да се соединат. Ќе добиете полутечна кремозна мешавина. Додајте ги сечканите јагоди и промешајте со лажица или шпатула. Подгответе го калапот со средна големина и обложете го од сите страни со проѕирна фолија.




Фолијата треба да излегува од сите четири страни на калапот за да може подоцна убаво да се поклопи колачот. На дното наредете еден слој пишкоти. Доколу користите тенки бисквити, тогаш ќе ви бидат потребни два слоја (но за овој колач најдобри се пишкотите).




Излејте ја во него целата смеса од јагоди, распоредете рамномерно и израмнете, па одозгора наредете нов ред пишкоти/бисквити. Поклопете го колачот убаво со фолијата и ставете го во замрзнувач околу 4 часа.




За тоа време колачот ќе се стегне а пишкотите ќе го впијат вишокот влажност. Можете многу лесно да го извадите калапот и од фолијата. Поставете го врз десертна чинија и одозгора наросете го со шеќер во прав.