Испробајте го овој колач…Брз и едноставен за подготовка…Рецепт за пофалба…БРЗО И ЛЕСНОЕве што ви е потребно за да го подготвите овој вкусен десерт:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
8 г ванилин шеќер
1 прстофат сол
170 г шеќер
120 мл растително масло
180 мл млеко
250 г брашно
15 г прашок за печиво
20 г какао во прав
малку цимет
3 супени лажици млеко
шеќер во прав за посипување одозгора
ПОСТАПКА:
Со миксер пенасто изматете ги јајцата со шеќер, ванила и прстофат сол, па кога ќе станат кремасти во тенок млаз додајте го маслото и продолжете со миксање додека да се инкорпорира. Потоа додајте го млекото и промешајте со жица.
Постепено додајте просеано брашно помешано со прашок за печење и мешајте со бавни движења за да се сочува пенливоста на тестото. Поделете го на два дела, а во едниот додајте какао, малку цимет и 3 лажици млеко.
Во намастен и набрашнет калап за ролати или леб (долгнавест, тесен и длабок) или калап за куглоф, наизменично сипувајте од белата и кафеавата смеса за да добиете шарен колач.
Дополнително, со стапче можете да направите повеќе шари движејќи го низ тестото. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Оставете да се подизлади па посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.