Ролници со цимет и таен состојак
Овие ролници со цимет се вистинска уметност во кујната, со совршена рамнотежа на меко тесто, богат фил и кремаста глазура.
Тајната состојка – ситно сечкани ореви – додава неодолив крцкав вкус што ќе ве воодушеви. Подгответе ги за посебни пригоди или едноставно за уживање во домашна атмосфера, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За тестото:
– 80 г шеќер
– 4 г сув квасец
– 250 мл млако млеко
– 1 големо јајце
– 30 мл растително масло
– 500 г брашно
– 4 г сол
– НМД
За филот:
– 80 г несолен путер, стопен
– 80 г шеќер
– 1 лажичка мелен цимет
– 100 г ситно сечкани ореви
За глазурата од кремасто сирење:
– 300 г кремасто сирење, омекнато
– 45 мл млеко
– 100 г шеќер во прав
Постапка
Подготовка на тестото:
1. Во голема чинија измешајте 80 г шеќер со 4 г сув квасец. Додајте 250 мл млако млеко и оставете ја смесата да отстои 5 до 10 минути додека да запени.
2. Во смесата додадете 1 јајце на собна Т и 30 мл растително масло, па добро изматете.
3. Постепено додавајте 500 г брашно и 4 г сол. Месете го тестото на лесно набрашнета површина 5 до 7 минути додека стане мазно и еластично.
4. Ставете го тестото во лесно намастена чинија, превртете го за да се премачка со масло, покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место без провев 1 до 1,5 час, или додека да го удвои обемот.


Формирање и печење:
1. Откако тестото ќе стаса, нежно премесете го. Развлечете го во голема правоаголна кора
2. Премачкјате го путерот преку целата површина. Одозгора посипете шеќер, па цимет и на крај ореви. Свиткајте ролат и исечете го на 9 дела.
3. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, вертикално.
4. Оставете ги ролниците да отстојат 20 минути.
5. Загрејте ја рерната на 175 °C. Печете ги ролниците 18 до 20 минути, или додека не добијат златно-кафеава боја.


Подготовка на глазурата:
1. Со жица изматете 300 г омекнато кремасто сирење, 45 мл млеко и 100 г шеќер во прав додека да добиете мазна и кремаста смеса.
Завршна обработка:
1. Оставете ги ролниците малку да се изладат пред да ги прелиете со глазурата.
2. Обилно прелијте ги ролниците со подготвената глазура од кремасто сирење.
3. Послужете ги топли или на собна температура.
Уживајте во овие неодоливи ролници со цимет, совршени за секоја прилика! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:




































