И некогаш и сега многу жени и мажи останувале во лоши бракови заради децата. Една од нив е Stephanie Portell, мајка на две момчиња, која со години се обидувала да не го напушти брачното гнездо заради среќата на своите деца.
Се омажила сосема млада, во дваесеттата година од животот поради тоа што непланирано забременила. Дали тука бил коренот на проблемот или не, таа не знае, но веќе во првите денови на бракот било јасно дека само еден од нив сакал да успеат како двојка, додека другата страна воопшто не се трудела.
Различните темпераменти, промените во расположението и прилагодувањето во улогата на родител предизвикале насилни расправии меѓу неа и нејзиниот сопруг. И двајцата се обидувале да нè викаат еден на друг пред својот син, а да се разведат дури и не помислувале. Тие биле цврсто убедени дека мора да останат заедно заради нивното дете.
“Ја прифативме идејата дека нашиот брак мора да успее и со време темпераментите нѝ се смириле, расположенијата поретко се менувале, и одлучивме да добиеме уште едно бебе. Сакавме да му дадеме на својот син брат или сестра, но, исто така, сакавме нешто на што ќе се фокусираме сега кога нашето дете порасна, за да не обрнуваме внимание еден на друг.
Мислевме дека тоа ќе го реши проблемот. Јас не знам зошто точно одлучивме да имаме уште едно дете, но заради одлуката не жалам ниту една секунда. Не само затоа што очигледно ги сакаме своите деца, туку, исто така, затоа што веројатно не сме биле доволно храбри да признаеме дека нашиот брак нема да успее. Не би имале храброст да се погледнеме во очи и да прифатиме дека треба да донесеме одлука за развод”, искрено објаснува Stephanie.
Двајцата сè помалку и помалку зборувале, сè помалку работи правеле заедно, дури и не се гушкале, бакнувале или воделе љубов. Никогаш еден на друг не му кажале дека се сакаат, немало топлина ниту љубов – но, имало пријателство и меѓусебно разбирање дека и двајцата ќе живеат со таков живот заради децата. Сè уште ја имале истата чудна смисла за хумор, политички и религиозни идеи, слични цели и соништа – но тоа едноставно повеќе не било доволно.
“Се сеќавам на моментот кога сфатив дека јас ќе се изгубам себеси и дека ќе бидам мизерна мајка,а тој несреќен татко ако останеме заедно. Нашиот постар син веќе петгодишен, требаше да оди во градинка кога сфатив дека по седум години преправање, мораме да признаеме дека нашиот брак не успеал,” отворено раскажуа Stephanie и додава:
“Моите родители се развеле кога тргнував во градинка. Моите постари сестри се сеќаваат на нивните расправии, на кои јас не се сеќавам, бидејќи бев многу мала. И знаев дека ако јас не заминам, кога мојот постар син ќе наполни пет години, тогаш ќе останам сè додека тие би живееле со нас.
Мојот сопруг и јас читавме книги за врските, зборувавме, врескавме, плачевме, не разговаравме, и, конечно, отидовме на советување. Советникот нѝ кажа дека сме најзрелата двојка која тој во својот живот ја запознали нè пофали што сме одлучиле да се разведеме и за заедничко старателство на децата.”
Стефани и нејзиниот сопруг знаеле дека ќе можат самите себе и децата повеќе да ги сакаат и ќе бидат подобри родители, ако повеќе не живеат заедно. Тие биле свесни дека нивните деца ќе им недостасуваат кога ќе бидат со другиот родител, но,исто така, знаеле дека само така тензијата ќе исчезне.
Тие се согласиле да живеат пет минути еден од друг, за да децата не бидат изложени на уште поголеми промени и вежбале како ќе им кажат дека се разведуваат. Направиле попис на сите работи од куќата и се договориле кој што ќе земе.
“Цело време на моето лице немало никакви емоции, но зад затворени врати горко плачев затоа што не успеав во она што се обидував, бидејќи знаев дека никогаш нема да постои таква љубов каква што постоела кон синовите”, признава Стефани.
Кога дојде денот да се потпише закуп за нов стан, Стефани, тоа речиси да не го направила. Раката ѝ се тресела, но кога конечно го потпишала документот, почувствувала дека одлуката за развод била вистинска.
Тие двајца никако не можеле да останат во брак поради децата. И двајцата биле доволно зрели за да се справат со шокот и збунетоста која разводот ја донел, со љубопитните прашања на нивниот син и собрале сила да ја поделат улогата на родител на најздрав можен начин.
Стефани признава дека некогаш била пресреќна дека токму тој човек е татко на нејзините деца, а понекогаш се прашува како успеала да остане со него толку долго. Некогаш и нејзиниот поранешен сопруг се прашувал како тој можел да живее со некој како неа. Но, денес нивниот однос е важен за сосема поинакви причини.
Денес е важен заради децата. И кога денес ќе се скараат, главно, во краток рок си поставуваат прашање која е поентата на расправијата и сфаќаат дека воопшто не е важна, освен ако не се однесува на децата – а најчесто нема никаква врска со нив.
Имало моменти кога заради заедничкото старателство почувствувале поврзаност, премногу се приближиле еден на друг и почнале да се прашуваат како би било повторно да се обидат да бидат заедно. Тие зборувале за тоа, се потсетиле еден со друг зошто се развеле и се согласиле дека не сакаат повторно да бидат двојка.
Стефани и нејзиниот поранешен сопруг како разведени родители на две малолетни деца постигнале одлична работа – станале сојузници. Меѓу нив сега владее хармонија, и нивните деца се посреќни од било кога. Секој случај е различен, но размислете добро за тоа дали треба да се остане во лош брак заради децата или не.