„Солта и ладната вода ја извлекуваат смрдеата, шеќерот ја враќа бојата, а винобранот ја враќа свежината. Пазете што јадете…“- предупредува анонимен месар.
На социјалните мрежи се прошири текст за меленото месо кое се продава во малопродажните ланци. Текстот наводно го напишал месар кој имал 11-годишно искуство.
Ако му веруваме на овој месар, тогаш никогаш повеќе не треба да купиме готово мелено месо.
„МЕЛЕНО МЕСО – ВНИМАНИЕ!!! Јас сум месар веќе 11 години, и со сигурност можам да кажам дека месото што го купувате од трговските центри е еднакво на леш од некое животно кое со денови лежи на улица. Знам да направам толку убаво мелено месо од месо старо еден месец, а се’ благодарејќи на ладна вода, сол, шеќер и винобран…
Затоа луѓе, ако месото ви е многу ситно измелено, а од надворешна страна многу румено, а внатре малку темно, и ако започне да пени кога ќе го динстате, верувајте ми дека ова месо е третирано на начинот кој ви го објаснив.
Солта и ладната вода ја извлекуваат смрдеата, шеќерот ја враќа бојата, а винобранот ја враќа свежината. Внимавајте што јадете…“ – напишал овој месар.