Со внимателно осмислен список на препарати и намирници, ова семејство успеале да го победат коксаки вирусот. На овој список може да се забележат витамини, минирали, рибино масло, лековити билки, зеленчук…

Приказната за победата над вирусот кој ја извојувале таткото и мајката на сега совршено здравото момче, ви ја пренесуваме во целост.

-Минатата пролет мојот 16-годишен син веќе три седмици влечеше температура од 37,2 – 37,5 степени. Бевме на преглед кај многу доктори (инфектолог, оториноларинголог, интернист…), даваше крв за анализа (седиментација 2, сè друго беше исто така, во ред).

Ултразвукот на стомак и бризот земен од нос и грло беа во ред, урината беше во ред. Му беше направен дури и алерголошки тест. Заклучокот беше дека е потполно здрав и дека температурата ќе му помине – раскажува на почетокот грижливата мајка и продолжува:

-Кон крајот на април син ми замина на спортски преглед, бидејќи тренира фудбал. На ЕКГ се покажа дека срцето му прескокнува. Истиот ден му направија ултразвук на срцето и доби дијагноза – воспаление на срцевиот мускул и срцевата кеса (промена на ѕидот од левата комора и вода во перикардот).

Резултатите од лабораторијата беа: адено вирус IgA 100, cytomegalovirus IgM 350, coxsackie virus IgM 35, miycoplasma pneumoniae 45.

За три седмици резултатите покажаа дека има коксаке вирус CB3 i CB4 > 1:1024. Истите резултати се покажаа и во јули.

Кардиологот нареди строго мирување, витамин Ц 1000 мл дневно, селен, магнезиум и да се ојача имуниот систем. Ни рече дека опоравувањето трае шест месеци до една година.

Резултатите од крвта на 30.август покажаа дека коксаке вирусот е CB3 1:16 i CB4 1:16, а ултразвукот – дека нема знаци за акутна или хронична инфламаторна или дилатациона болест на срцевиот мускул. Останал само благо задебелен перикард.

Од лекарите му беше дозволено рекреативно да се бави со спорт, а после еден месец, после тестовите со оптеретување, му беше дозволени и професионално да се занимава со фудбал.

Мислам дека за овие брзи резултати е заслужен списокот од препарати кој со сопругот го составивме проучувајќи ја оваа тема од стручна литература читајќи ги искуствата по форуми. Секако, тој си ги слушаше и докторите (имавме одличен кардиолог и спортски лекар).

Еве што тој земаше секој ден:

-1000 мл витамин Ц
-магнезиум 200 мг со Б витамини
-селен (најпрво олигогал Se, после купував селен со комбинација од цинк или селен со комбинација од Е витамин – и цинкот и Е витаминот го јакнат имунолошкиот систем)
-првиот месец пиеше по една капсула пробиотик дневно
-една капсула рибино масло 1000 мл
-ехинацеа

-наутро лажица мед и ореви (смесата се прави од половина килограм мед, половина килограм ореви и половина килограм лимони, само сок, се чува во фрижидер)

-чаша сок од цвекло дневно (сокот се прави од 1 кг цвекло, 1 кг јаболка, 1 кг моркови)

-чаша сок од комбинација направена од лимони, портокали и грејпфрут со лажица мед

-секој ден полна чинија овошна салата прелиена со мед (барем 3-4 вида овошје, на пр. јаболко, банана, грозје, киви или што има сезонски)

-во сите јадења или салати му ставав зачин со сусам (20 лажици сусам и лажица морска сол во рерна се пржат малку, па топло се меле)

-секој ден салата мешана од кромид и лук прелиено со масло и многу домати и пиперки.

Секако, се трудев да јаде колку може поразновидна храна: овошје и зеленчук, а што помалку конзервирана или сувомеснато.

Се надевам дека нашето искуство ќе им помогне на оние кои имаат коксаки вирус.