Пире од тиква и помогнало на Вера Алексеева да ги отстрани јадежот и компликациите поради воспаление на кожата.
Мекиот дел од тиквата (околу еден килограм) крупно исечете го и варете го 10-15 минути во млеко. Изгмечете го и дел од пирето нанесете на газа, здиплена во неколку слоја, заврзете ги краевите и ставете ја на болното место на 10-15 минути.
Потоа заменете ја co нова порција и оставете ја исто толку време.
Продолжете додека не го потрошите целото пире (ќе потрае околу еден час). Курата трае до подобрувањето на состојбата.
„Им го препорачувам на сите што се соочиле co сличен проблем!“ – Вера Алексеева, Суздаљ
Познатиот тревар Рим Билалович Ахмедов (Уфа) исто така, препорачувал мекиот дел од тиквата да се става на егзема и на рани. Истакнувал дека таа е корисна и при други заболувања.
Варен мек дел од тиква им се препорачува и на заболените од туберкулоза, жолтица, низок притисок, гихт, невроза, холециститис и како диуретик во случај на отоци на бубрезите и црниот дроб. Тиквата е корисна како лековито средство при дебелина, како и при запек кај постарите луѓе.
Големото количество пектини манифестира посебно позитивно дејство во случај на воспаление на дебелото црево. Пектинот придонесува за исфрлање на холестеролот од организмот и затоа тиквата се препорачува и при атеросклероза. Таа исто така позитивно влијае и на биохемиски процеси во црниот дроб.
Тумори: корисно е портокаловиот мек дел да се става на различни видови тумори, вклучувајќи ги и малигните, по час-два неколку пати дневно.
Мастопатија: рендана тиква одлично ги разложува здебелените делови – секојдневно треба да се става на градите на еден и пол до два часа.
Отоци на рацете и на нозете: двапати дневно се јаде суровиот мек дел од тиквата.
Непроодност на жолчните канали: се консумира најмалку половина килограм дневно. Сурова и варена тиква ги обновува функциите на црниот дроб пo акутниот хепатитис и дејствува како средство за исфрлање на жолчката.
Мерки на претпазливост:
Тиквата е контраиндицирана при тежок облик на дијабетес, додека суровата е контраиндицирана и во случај на гастритис co намалена киселина, чир на желудникот и на дванаесетпалечното црево.