Ако не ги исфрлите отровите од лимфата, ќе се удавите во сопствениот отпад – раскажува проф. д-р Бранислав Михајловиќ од Институот за биомедицина.

Функцијата на овој систем е елиминација на отровите од клетките и нивно транспортирање преку крвта до цревата и бубрезите, каде ќе бидат преработени и отстранети од телото.

Ако овој систем не работи како што треба, телото ќе се угуши во сопствениот отпад. Затоа, од голема важност е лимфниот систем да се одржува прооден и чист.

Човековото тело е комплицирана и сложена мрежа од системи. Овие системи функционираат заедно за да му помогнат на телото да го одржува здравјето и да биде исполнето со енергија.

Еден од најважните системи е токму лимфниот систем. Овој систем се состои од ткива и органи кои помагаат телото да се ослободи од токсините и други несакани елементи, па така, можете да си замислите како “канализациски ситестм” на вашето тело.

Неговата примарна функција е да ја транспортира лимфата, течност која содржи бели крвни зрнца кои се борат против различни инфекции низ целото тело. Имаме преку стотици лимфни јазли.

Вашите крајници, аденоиди (3.крајник), слезината и тимусот се дел од вашиот лимфен систем.

ЗНАЦИ ДЕКА ВАШИОТ ЛИМФЕН СИСТЕМ Е ВО ОПАСНОСТ:

-подуеност
-вкочанетост
-отечени прсти
-запек
-слаба циркулација
-ментална “магла”
-утринска болка

БИЛКИ кои помагаат да се прочисти лимфниот систем:

Одредени билки како што се ехинацеата и црвената детелина имаат способност да го зголемуваат лимфниот проток и дренажата. Лековитите материи од ехинацеата делуваат имуностимулативно, значи го стимулираат лимфниот систем да создава одбранбени клетки и со тоа полесно да се избори со предизвикувачите на болеста. Ехинацеата е природен антибиотик и многу безбеден чистач на лимфните клетки.

Копривата е една од најкорисните лековити билки. Копривата е диуретик и најдобро е да се користи за чистење и подобрување на циркулацијата. Содржи големи количини од витамините А, Ц и Б2, минерални соли, билни хормони и ензими, со што оваа билка е одлична за пролетно и есенско чистење на телото.

При терапија најчесто се користи свежо исцеден сок од коприва со што се постигнуваат извонредни резултати.

Петровчето (Agrimonia eupatoria) е билка која лекува на прв поглед. Ги намалува воспаленијата и ги подобрува функциите на дигестивниот систем. Ги решава проблемите со кожните болести, врши детокс на телото и го јакне здравјето на косата и ноктите.

Ајдучката трева ја чисти и ја јакне крвта, како и дигестивните органи. Посебно е корисна за лекување на црниот дроб, слезената, против грчеви, грозница.

Погледнете го целото објаснување на докторот: