Оваа тинктура за прочистување на крвните садови која се прави од лимон и лук, постои и се практува во тибетанската и руската народна медицина веќе со векови.
Исто така, оваа лековита тинктура спречува формирање на канцерогени клетки, што повеќе пати било потврдено со научни истражувања. Лукот содржи големи количини на антиоксиданти кои имаат регенеративни и подмладувачки својства.
Потребни состојки:
4 главици лук
4 лимони со кора (непрскани)
3 литри дестилирана/филтрирана/изворска вода
Постапка:
Лукот исчистете го на чешниња и излупете го.
Лимоните прелијте ги со врела вода, измијте ги убаво со сода бикарбона, а потоа исечете ги на парчиња и заедно со лукот сомелете ги.
Добиената смеса ставете ја во чиста стаклена тегла од 3 литри и прелијте ја со топла вода до врв.
Поклопете и оставете да отстои така затворено во фрижидер, три дена.
Потоа процедете и течноста чувајте ја во фрижидер.
Употреба:
Максимална доза од напитокот е по 50 мл трипати дневно, пред оброк.
Сепак треба да се почне со помали дози од 1-2 лажици, за да се привикне организмот, па доколку нема непријатности дозата постепено да се зголемува.
Третманот трае 40 дена. Чистењето на крвните садови на овој начин се препорачува да се направи еднаш годишно, по консултација со вашиот лекар.
После консумирање на овој напиток се подобрува циркулацијата на крвта и нејзиниот липиден состав, се нормализира крвниот притисок, се подобрува мозочната циркулација и полесно се губат вишокот килограми.