Оваа тинктура за прочистување на кр-вните садови која се прави од лимон и лук, постои и се практува во тибетанската и руската народна медицина веќе со векови.
Исто така, оваа лековита тинктура спречува формирање на канцерогени клетки, што повеќе пати било потврдено со научни истражувања. Лукот содржи големи количини на антиоксиданти кои имаат регенеративни и подмладувачки својства.
Потребни состојки: 4 главици лук, 4 лимони со кора (непрскани), 3 литри дестилирана/филтрирана/изворска вода
Постапка: лукот исчистете го на чешниња и излупете го. Лимоните прелијте ги со врела вода, измијте ги убаво со сода бикарбона, а потоа исечете ги на парчиња и заедно со лукот сомелете ги.
Добиената смеса ставете ја во чиста стаклена тегла од 3 литри и прелијте ја со топла вода до врв. Поклопете и оставете да отстои така затворено во фрижидер, три дена. Потоа процедете и течноста чувајте ја во фрижидер.
Употреба: максимална доза од напитокот е по 50 мл трипати дневно, пред оброк. Сепак треба да се почне со помали дози од 1-2 лажици, за да се привикне организмот, па доколку нема непријатности дозата постепено да се зголемува.
Третманот трае 40 дена. Чистењето на кр-вните садови на овој начин се препорачува да се направи еднаш годишно, по консултација со вашиот лекар.
После консумирање на овој напиток се подобрува циркулацијата на кр-вта и нејзиниот липиден состав, се нормализира кр-вниот притисок, се подобрува мозочната циркулација и полесно се губат вишокот килограми.
II РЕЦЕПТ: Ги чисти затнатите артерии и го регулира крвниот притисок, а помага и во здраво слабеење
На многу едноставен и здрав начин може да ги исперете вишокот масни наслаги од артериите, да го регулирате вашиот кр-вен притисок, да се ослободите од вишокот масни перничиња на стомакот, а потребни ви се само 4 состојки.
Затнатите или блокираните артерии може да бидат причинети од кр-вно згрутчување или плака која се натрупува поради зголемено ниво на холестерол во кр-вта.
Оваа блокада предизвикува огромен притисок во кр-вта, бидејќи тогаш таа не може слободно да се движи низ телото и да ги снабдува органите и ткивата со кислород, предизвикувајќи притоа висок крвен притисок познат како хипертензија.
Еднаш кога артериите се блокирани, многу е тешко да се исчистат, а за жал, високиот кр-вен притисок е проблем кој засега голем број луѓе. Меѓутоа, постојат разни природни решенија за овие проблеми, а меѓу нив е и овој рецепт кој денес ќе ви го претставиме.
Сок од лимон, јаболкова киселина, мед и лук, ова се состојките кои ви се потребни за да добиете еден многу моќен и лековит напиток со чија помош на здрав начин ќе ги исчистите кр-вните садови и ќе го нормализирате крвниот притисок. На овие 4 намирници додадовме и ѓумбир и добивме еден турбомоќен напиток.
Зошто напитокот функционира?
Лукот се покажал повеќепати како многу ефикасен во чистењето на затнати артерии, како и за намалување на високиот крвен притисок и нивоата на лошиот холестерол. Затоа е дел од сите природни препарати кои се користат за оваа намена.
Исто така, може да го намали и нивото на шеќер во кр-вта, бидејќи кога ова ниво е во нормални граници, тогаш полесно се контролира апетитот, што за возрврат помага во слабеењето.
Ѓумбирот е поврзан со превенција на болести на срцето поради својата способност за да го зголемува протокот на кр-вта. Исто така, има способност да произведува дополнителна енергија која ќе ви помогне да бидете физички поактивни и на тој начин да изгубите некој вишок килограм плус.
Лимонот е докажан во разни истражувачки студии како средство кое помага во регулирање на работата на срцето и на целиот кардиоваскуларен систем.
Јаболковата киселина има антиоксиданти кои играат клучна улога во елиминацијата на токсините од телото и кр-вта. Исто така содржи здрави витамини, минерали и ензими кои го одржуваат оптималното здравје.
Медот се бори против бактериите, му дава на телото енергија и докажано го намалува холестеролот и срцевите болести.
РЕЦЕПТ – Многу едноставна подготовка
Сок од ѓумбир или рендан корен од ѓумбир, рендан лук, лимонов сок, јаболкова киселина и мед се користат во однос 1:1:1:1:2.
Исцедете го сокот од состојките. Ставете сок од ѓумбир, лук, лимонов сок и оцет во еден поголем сад. Загревајте на умерен оган додека да зоврие, а потоа исклучете го огнот, но оставете го тенџерето поклопено врз ринглата уште половина час. Потоа тргнете го на страна и оставете да се доизлади.
Можете да процедете, но и не мора. На крај додајте го медот и мешајте додека убаво да се раствори. Напитокот складирајте го во шише или стаклена тегла и чувајте го во фрижидер. Се користи по една лажичка секое утро, на пладне и навечер на празен стомак. Смесата може да се чува во фрижидер до два месеци.