1. Лекарства што се земаат пред јадење:
-се мисли 30 минути пред јадење
-никако 2 минути пред јадење!
ПРИЧИНА: дејството на некои лекови може да се изгуби ако се земаат заедно или непосредно со храната.
2. Лекарства што се земаат по јадење:
-се мисли 5 до 10 минути по јадењето.
ПРИЧИНА: Некои лекарства можат да го надразнат желудникот, а нивното дејство се ослободува со храната.
3. Завршете ја комплетно целата препишана доза!
-се мисли на завршување на целата доза, иако се чувствувате подобро.
ПРИЧИНА: мора да се уништат преостанатите, затаени бактерии во вашиот организам.
Во спротивно, тие ќе станат уште посилни, зошто ќе бидат резистентни на лекот, а вие повторно ќе се разболите.
4.Витамини-суплементи:
-најчесто се земаат во текот на денот, после јадење.
-никогаш не се земаат витамини на ПРАЗЕН СТОМАК!
ПРИЧИНА: ефектот многу брзо ќе исчезне, затоа што витамините за најкратко време ќе се исфрлат преку урината.