-Штом еднаш ќе ја вкусите и вие ќе залудите по неа!

Црната лимонада е последниот хит кој може да се забележи на Инстаграм кога станува збор за исхраната.

Иако одлично изгледа на фотографиите од познатите блогерки, кои секако полудеа по овој напиток, најдобрата страна на оваа лимонада е тоа што е исклучително здрава.

Не ви се верува дека црното може да биде природно и здраво? Всушност може!

Оваа необична лимонада црната боја ја добива благодарение на активниот јаглен кој вообичаено се користи при дијареа, труење и општо за детоксикација на телото.

РЕЦЕПТ:

1 лимон исцеден

1 чаша вода

1 лажица јаворов сируп или мед

1 лажиче кајенска пипер во прав

1-2 капсули активен јаглен во прав

Неколку ливчиња нане – по желба

Коцки мраз

*Сите состојки се мешаат.

Благодарение на сите овие состојки, црната лимонада се препорачува да се пие во процесот на детоксификација или ако се обидувате да ослабете неколку килограми.

Исто така, комбинацијата од активен јаглен и витамин Ц е идеална за мамурлак.

Сепак, експертите препорачуваат оваа лимонада да ја испиете пред да излезете кога планирате да пиете алкохол, бидејќи подобро делува како превенција, отколку кога алкохолот ќе го интоксицира телото.