Американците сакаат да експериментираат со нови диети, па така последните неколку години е многу популарна диетата „БЕЗ ВЕЧЕРА“. Оваа диета е многу едноставна за спроведување и не бара посебни намирници и мени.
Примената на оваа диета подразбира укинување на вечерата, што значи дека после 16 часот не треба да се јаде ништо до следниот ден наутро (16 часот важи за оние луѓе кои рано стануваат и рано одат на спиење).
Кога лицето има поинаков дневен распоред, треба да се има во предвид дека растојанието помеѓу последниот и првиот оброк треба да биде најмалку 14 часа.
Кога ќе започнете да ја следите оваа диета, доколку сте биле навикнати на вечера, можеби ќе се соочите со потешкотии бидејќи ќе чувствувате глад. Многу е важно де не ја прекинувате диетата (иако ви е тешко), бидете малку трпеливи и полесно ќе се адаптирате на новиот режим – едноставно, дајте си себеси малку време.
После неколку дена ќе се навикнете, бидејќи гладта е нормална состојба кај човекот. Нашите предци пред стотици години заминувале гладни на спиење, бидејќи на тој начин телото е подготвено за подолг период на пост.
Кога сме принудени да одиме на спиење гладни, нашата енергија која телото би ја користело за варење, се троши за елиминација на штетни материи, зголемување на хормоналното ниво и регенерација на клетките.
Ние секојдневно го оптоваруваме дигестивниот тракт со вишок на храна и не му дозволуваме на желудникот да се одмори. Тоа предизвикува оштетување на многу органи, проблеми со здравјето и прекумерна тежина.
Значи, во склад со диетата „Без вечера“, после 16 часот не треба да јадете ништо.
Можете да пиете повеќе течности, растителни чаеви и останати напитоци кои не содржат калории. Тоа ќе го ублажи чувството на глад и ќе ги елиминира токсините натрупани во текот на денот.
Што ќе добиете со оваа диета?
Американскиот истражувачки центар за диететика утврдиле дека редовната примена на оваа диета влијае врз:
-Намалување на телесната тежина.
Доколку растојанието помеѓу последниот и првиот оброк, следниот ден, изнесува најмалку14 часа, ќе го приготвите вашиот организам за постепено согорување на мастите. Не треба да се очекуваат инстант резултати, туку треба да бидете трпеливи.
Телото согорува неколку грама дневно и тоа е предноста на оваа диета бидејќи на тој начин нема да се појави вишок кожа поради брзо губење на прекумерната тежина, туку постепено кожата ќе се прилагодува на слабеењето.
-Продолжување на младоста (антиејџинг).
Изворот за внатрешна младост е хормоналниот баланс и се’ додека нашиот организам произведува доволно хормони, ние сме здрави и изгледаме помладо. Гладта го стимулира производството на хормонот на растот и мелатонинот (хормон за спиење).
Нашето тело лачи доволно количина хормон на раст до 21 година од животот и тогаш лачењето се намалува додека во старост речиси воопшто не се лачи.
Недостиг од овој хормон резултира слабост во мускулите, замор и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Ако редовно го следите програмот на диетата, зголеменото ниво на хормонот ќе влијае врз намалување на мастите во телото, јакнење на коските, зголемена еластичност на кожата, намалување на холестерол во крвта, јакнење на имунитетот, намалување на заморот и подобрување на функцијата на срцето.
-Обновување на сонот.
Како што знаете, додека спиете со празен стомак се произведува мелатонин, хормон на сонот. Тогаш температурата на телото се намалува и нашиот сон е подлабок, па доаѓа до регенерација на клетките во телото. Сите луѓе откако добро ќе се наспијат изгледаат помладо, и обратно, после непроспиена ноќ и сами знаете дека не изгледате добро.
Дали оваа диета навистина функционира?
Коментарите за оваа диета се главно позитивни. Оние кои престанале да консумираат храна после 16 часот изнеле импресивни резултати. Во првата седмица ослабеле 1-2 кг и продолжиле со губење на тежината.
Луѓето кои оваа диета ја применувале две години, ослабеле 18-20 кг. Предноста на оваа диета е следна: телото се навикнува без храна во вечерните часови, па постигната тежина полесно се задржува.
Пред почеток на било каков диетален режим, консултирајте се со вашиот матичен лекар и вашиот нутриционист!