Витамини се органски хемиски соединенија и клучни хранливи состојки кои му се неопходни на организмот.
Заедничките симптоми кои можат да се забележат се: сува кожа, црвен осип и губење на косата. Еве што треба да знаете за овие симптоми и она што треба да се направи во врска со тоа:
Испукани усни
Ако имате испукани усни, тоа значи дека ви недостасува железо, цинк и витамини од Б групата (Б3, Б2 и Б12). Исто така треба да се знае дека ова е чест случај кај вегетаријанците, бидејќи тие не ги консумираат доволно овие витамини и хранливи материи, поради нивната исхрана.
Значи, ако сакате да се ослободите од овој проблем, треба да консумирате повеќе: блитва, кикирики, мешункасти растенија, како леќа, месо од живина, лосос, туна, јајца, школки.
Земањето на доволно витамин Ц може да му помогне на вашето тело во борбата против инфекции. Комбинирајте ги и следниве намирници: брокула, црвена пиперка, кељ и карфиол.
Црвен осип на лицето и опаѓање на косата
Ако ги имате овие симптоми, тоа значи дека вашето тело има недостаток на витамин B7. Медицинските експерти го нарекуваат уште и витамин на косата.
Свежите јајца кои се богати со протеинот наречен авидин ја спречува апсорпцијата на биотин во телото. Затоа е подобро да јадете варени јајца, наместо свежи, повеќе лосос, авокадо, печурки, карфиол, соја, ореви, малини и банани.
Црвените или белите дамки-промени на кожата кои се слични на акни, а се појавуваат на лицето, рацете, бутовите, и задникот, се симптоми од дефицит на: масни киселини, витамин А и Е. Ако сакате да се ослободите од овој проблем треба да јадете помалку преработена храна, да ги отфрлите транс-мастите (маргаринот) и растителните масти, а да го зголемите внесувањето на здрави масти.
За да внесете витамин А, јадете зелен зеленчук и моркови, слатки компири и црвени пиперки, кои содржат многу бета каротен и кој ќе му помогне на вашето тело да ги добие потребните хранливи состојки. За витамин Д, изложувајте се по 10 минути на сонце, секојдневно.
Вкочанетост и пецкање во рацете и нозете
Ако ги почувствувате овие симптоми, тогаш треба да знаете дека ви недостасуваат витамини од Б групата (Б9 или фолна киселина, Б6 и Б12) бидејќи се поврзани со периферните нерви.
Симптомите може да вклучуваат и анемија, депресија, хормонална нерамнотежа и замор. Значи, ако сакате да се ослободите од овој проблем, треба да консумирате повеќе пилешко месо, ракови, школки, грав, јајца, цвекло, аспарагус и спанаќ.
Грчеви во мускулите, болка во прстите, зглобовите, нозете и грбот
Најверојатно овие симптоми се предизвикани од дефицит на магнезиум, калциум и калиум. Најдобар начин да се ослободите од овој проблем е да консумирате повеќе јаболка, грејпфрут, цреши, тиквички, лешници, бадеми, банани, брокула, темно лиснат зеленчук како кељ, спанаќ, и глуварче.