Овој колач лесно се подготвува, нема да ви одземе многу време и е евтин. Од многу рецепти за манчмалоу, го издвојуваме токму овој кој секогаш излегува успешно, нема да згрешите уште сега ако го направите, бидејќи штом го послужите настанува „бришка“.
Потребни состојки за бисквит: 6 жолчки, 12 лажици (рамни) шеќер, 200 мл ладно млеко, 100 мл масло, 6 полни лажици брашно (120 г), 3 лажици какао, 1/2 прашок за печиво.
За шам: 6 белки, 12 лажици шеќер, 4 лажици вода, 10 лажици шеќер и уште за чоколадна глазура: 100 г чоколадо за готвење, 3 лажици вода, 4 лажици масло. Постапка за бисквитот: Изматете ги жолчките со шеќерот.
Додајте млеко, масло, промешајте и додајте уште какао, прашок за печиво и брашно. Соединете се добро во еднолична смеса без грутчиња и смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех за печење. Печете на 200 степени, 15-20 минути.
За шамот: Изматете цврсти белки. 10 полни лажици шеќер посипете ги со 4 лажици вода на тенџере на рингла и мешајте додека се растопи. Додајте 12 лажици шеќер во изматените белки и добро измешајте. Малку потстпениот шеќер лесно префрлете го во снcегот од белки и измешајте заедно.
Извадете го бисквитот од рерната и намалете ја температурата на 130 степени. Добиениот шам рамномерно се премачкува врз бисквитот и се враќа во рерна да се допече уште 10-тина минути.
Во меѓувреме направете ја чоколадната глазура: Во тенџере на пареа или обично, ставете ги состојките и со повремено мешање почекајте да се стопи чоколадото. По печењето на кората, извадете од рерна и прелијте со чоколадната глазура. Се чека малку да се излади и потоа веднаш се сече на коцки.
Забелешка: Бидејќи во шамот има многу шеќер, јас ја намалив количината како што е сега во рецептот. Во оригиналот беше 15 во белки и 12 во шербетот. Вие одлучете како сакате.
Ако уште повеќе сакате да ја намалите количината на шеќер, треба да внимавате бидејќи шамот може да „легне“ и не би знаела како ќе изгледа следниот ден кога ќе отстои. Затоа ви кажувам да си знаете, во мојот случај како што јас ја намалив количината излезе супер.