Овој рецепт ќе ви стане еден од омилените, бидејќи е одличен прилог за сите видови јадења со месо, но може да биде и самостојно јадење. Пиперки во сос, нема нешто поубаво кога доаѓа зимата. Кога не знам што да подготвам, овој рецепт ми е секогаш прва опција.




Овој прилог може да го спремате и со веќе испечени пиперки, што ви останале во замрзнувач. Со замрзнати и веќе испечени пиперки може да го направите следново: излупете ги и малку испрпжете ги на масло (кога ќе се одмрзнат), потоа додајте им полномасно сирење (или по вкус) и малку павлака.




Оставете да крчка уште неколку минути, предобро е…, споделува читателка. За оригиналниот рецепт пиперки во сос ќе ви биде потребно: црвени пиперки (количина по желба), 200 мл павлака за готвење (неутрална), 3 чешниња лук, сол, црн пипер, коцка путер.




ПОСТАПКА: Пиперките измијте ги убаво, па избришете си со чиста крпа. Во тава ставете малку масло да се загрее (колку да се премачка површината), па дури потоа наредете ги пиперките една до друга. Пржете на средна температура со повремено вртење од сите страни, со претпазливост да не загорат.




Настрана во друга тава ставете една коцка путер и почекајте да се растопи. Чешнињата лук исечете ги ситно на лентички, па додајте ги да се запржат во растопениот путер на ниска температура. Некаде при крајот, кога лукот ќе омекне, додајте ја неутралната павлака и соединете.




Пиперките се спремни после 10 минути, тогаш додајте ги во згуснатата павлака за готвење и оставете да „крчка“ уште малку, па тргнете од оган. Посолете и додајте црн пипер доколку пиперките претходно не ви се зачинети. Прочитајте го и вториот рецепт за омиленото летно јадење:




(втор рецепт) Најубавото летно-есенско јадење, пржени пиперки со домати и јајца, вкусно, прсти да излижеш! ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица кромид, 6 зелени пиперки, 4 домати, 5 јајца, сол и црн пипер во прав, по вкус.




ПОСТАПКА: Кромидот исчистете го од лушпата и исечете го колку можете поситно. Пиперките измијте ги и исцедете ги од водата, отстранете им ги петелките и семето, па и нив исечете ги на ситни коцки.




Доматите измијте ги, засечете ги малку како крстче, спуштете ги кратко во врела вода и веднаш потоа ставете ги во ладна вода. На овој начин полесно ќе ги излупите, а потоа сомелете ги.

Во намастена тава запржете го ситно сечканиот кромид, па кога ќе омекне и застакли, додајте ги сечканите пиперки. Посолете и запиперете по вкус. Пржете додека да омекнат пиперките.




Потоа додајте ги мелените домати. Промешајте и оставете да се динста додека малку да испари течноста. Искршете ги јајцата без да ги матите директно во јадењето. Поклопете со капак за да се зготват на пареа. За неколку минути вашето јадење е готово. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Деталите од првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.