Некои од водечките светски експерти сметаат дека бананата е првото овошје кое никнало на нашата планета, а Ден Копел, автор на книгата „Банана”: Судбината на овошјето што го смени светот“, смета дека бананата, а не јаболкото било забрането овошје што Ева му го понудила на Адам.
Денес, бананите се одгледуваат во најмалку 107 земји и тие се четврти растенија во светот што се користат за подготовка на некоја храна, а статистичките податоци покажуваат дека во Америка се јадат повеќе банани отколку јаболката и портокалите заедно.
Овие плодови се исклучително богати со хранливи материи. Една банана со средна големина (околу 125 грама) содржи 110 калории, 30 грама јагленихидрати и 1 грам протеини, а воедно бананите не содржат маснотии. Тие исто така содржат голем број витамини и минерали.
Во однос на здравствените придобивки, научно е утврдено дека консумирањето банани го намалува ризикот од развој на астма и рак, како и дека тие го намалуваат кр-вниот притисок и го подобруваат здравјето на срцето. Неколку причини зошто треба да консумирате банани:
Помага во превенција на астма
Резултатите од студијата спроведена на колеџ во Лондон покажаа дека дневната потрошувачка на банани го намалува ризикот од развој на астма кај децата за дури 34%.
Го спречува ракот
Редовното внесување на хранливи материи што можат да се најдат во бананите ја намалува веројатноста за развој на леукемија. Имено, тие содржат витамин Ц, кој е познат борец против слободните радикали кои предизвикуваат рак. Исто така, благодарение на растителните влакна, тие спречуваат развој на колоректален карцином.
Го штити срцето
Растителните влакна, калиумот, витаминот Ц и витаминот Б6 имаат корисен ефект врз работата и здравјето на срцето, со што се намалува веројатноста за мозочен у дар и губење на мускулната маса, а бананите ги содржат сите овие витамини и минерали кои помогаат во зачувување на коскената густина и намалување на формирањето камења во бубрезите.
Одлична е за дијабетичари
Бројни студии покажаа дека луѓето со дијабетес тип 1 кои консумираат храна богата со растителни влакна имаат ниско ниво на гликоза во крвта, поради што експертите препорачуваат редовно консумирање на банани.
Помага во лекувањето депресија
Според неодамнешните истражувања, бананите можат да се користат како лек. Ова се должи на протеинот триптофан, кој го претвора телото во серотонин, попознат како хормон на среќа и задоволство.
Го регулира кр-вниот притисок и превенира анемија
Ова јужно овошје е одлично бидејќи содржи многу калиум, кој е важен за регулирање на кр-вниот притисок. Ако редовно консумирате банани, ги намалувате шансите за мозочен у дар. Бананите се богати со железо и влијаат на производството на хемоглобин во кр-вта.
Го штити мозокот и нервните влакна
Бананите влијаат на функцијата на мозокот, а една студија покажа дека студентите кои јаделе една банана наутро имале подобра концентрација во текот на денот.
Го решава проблемот со запек
Бананите се богати со растителни влакна кои помагаат брзо да го надминете проблемот со запек, без употреба на лаксативи. Исто така докажано е дека бананите ја намалуваат утринската мачнина.
Го намалува отокот при убод од комарец или некој друг инсект
За да го смирите отокот од каснување од комарец или некој друг инсект, потребно е да го истриете местото со внатрешната кора од банана на иритираното место.
Го смирува нервниот систем
Бананите се богати со витамин Б, кој го смирува нервниот систем. Ако работите стресна работа, јадете го ова овошје како закуска.
Превенира од цревни заболувања и ја регулираат телесната температура
Поради својот мек состав, бананата се користи и како диетална храна против цревни заболувања. Во споредба со јаболката, бананите содржат четирипати повеќе протеини, двојно повеќе јагленихидрати, трипати повеќе фосфор и петпати повеќе витамин А и железо, витамини задолжени за намалување на телесната температура.
Зелени банани
Зелените банани содржат растителни влакна кои не се варат во тенкото црево, но таму полека се апсорбираат, сè додека бактериите во дебелото црево не ги ферментираат, што му обезбедува енергија на организмот. Според експертите, скробот што може да се најде во бананите не го зголемува нивото на шеќер во кр вта, што го олеснува заситувањето на организмот, што не е случај со другите јагленихидрати.
Покрај тоа, незрелите банани се препорачуваат како одличен сојузник во слабеењето затоа што стимулираат слабеење, благодарение на зголемената секреција на глукагон, хормон кој го забрзува метаболизмот.
Исто така, ова вкусно овошје го намалуваат ризикот од карцином на дебело црево, затоа што стимулира раст на добрите бактерии во него. Зелената банана содржи околу 12,5 грама отпорен скроб, за разлика од зрелите, жолти банани, кои содржат околу 4,7 грама, а експертите советуваат да консумираат околу 20 грама од овој скроб дневно.
Колку помалку се зрели бананите, толку повеќе растителни влакна содржат и посоодветни доколку сакате да се храните здраво, препорачуваат експертите. Сепак, треба да бидете внимателни кога консумирате банани.
Имено, бета блокаторите, класа лекови кои се користат за различни индикации, најчесто се препишуваат за срцеви заболувања, а тие можат да предизвикаат зголемување на нивото на калиум во крвта, поради што бананите треба да се консумираат умерено ако ги земате овие лекови. Исто така, премногу калиум може да им наштети на оние чии бубрези не функционираат правилно.
Лековита маска од банана за сјајна коса
Доколку вашата коса почнува сè повеќе да личи на метла и ниту чешелот не може да ја отплетка, не очајувајте. Можете да подготвите домашна маска за коса, а воедно да не потрошите многу пари за да купите скапи препарати. Напротив, насочете се кон природните лекови и мали трикови за да подготвите маска за коса во домашни услови.
Со оваа маска ќе ја имате најубавата коса на светот и сите ќе бидат воодушевени и ќе ве прашуваат како ја негувате вашата коса. Оваа маска воодушеви милион жени во светот бидејќи е најдобрата маска за коса.
Ние го пронајдовме наједноставниот рецепт за домашна маска за коса. Има многу природни маски за коса, но овој рецепт со банана вреди да се проба бидејќи можеби е наједноставен од сите, брз и има одлични ефекти.
Потребни состојки: една зрела банана, 2 лажици кокосово масло, 2 лажици мед, 1/2 чаша кокосово млеко или јогурт, 1 лажичка путер, 1 жолчка од јајце.
Постапка: Измешајте ги сите состојки, а претходно изгмечете ја бананата. Можете исто така да ги ставите сите состојки во блендер. Нанесете ја маската почнувајќчи од коренот до врвовите на косата, а потоа завиткајте ја косата во крпа или ставете капа за туширање.
Оставете да делува околу 30 минути, а потоа исплакнете и продолжете со вообичаената рутина за миење. Откако ќе ја исушите косата, ќе бидете воодушевени од тоа како изгледа вашата коса. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.