Со години го имаме истиот проблем: малиот расад од босилек се претвораше во високо „раштракано“ дрвце со неколку лисја. Се обидовме на повеќе начини, во мала саксија, во голема саксија, во градината…и секојпат исто.
Со завист погледнувавме во грмушестиот босилек во градината на пријателите, сè додека не ни го открија методот: всушност тајната е многу едноставна, а се крие во правилното поткастрување.
Зошто е важно да се поткаструва босилекот? За да може растението да остане здраво, да расте енергично и да ви даде многу лисја, важно е да научите како правилно да се кастри.
Како ПОГРЕШНО се поткаструва босилекот? За да научите како правилно да го кастрите босилек, важно е да го знаете погрешниот начин на кастрење:
А, тоа е кога се обидувате да ги соберете големите листови од дното на расадот, сакајќи да се сочуваат младите и да и се овозможи раст на билката. Но, се чини дека тоа е голема грешка, а еве и зошто:
Најголемите листови на долните гранки се всушност погонот на целото растение. Овие големи лисја земаат најмногу сончева светлина и осигуруваат дека растението босилек ќе ги добива соодветните хранливи материи.
Нивното кастрење значително му штети на босилекот. Отстранувањето на овие долни лисја не само што ќе му наштети на растението, туку може и да го уни-шти. Правилен начин за кастрење на босилек:
Босилекот правилно ќе го исечете ако му го отсе.чете горниот дел, односно лисјата на врвот. Секојпат кога ќе ги исечете неговите лисја од врвот, на нивно место ќе никнат нови гранки. Така, босилекот нема да расте нагоре, туку во ширина.
Три чекори за правилно кастрење на босилек:
I Идентификувајте – Идентификувајте го местото на гранката каде што јасно можете да видите како се формираат нови ситни лисја.
II Исечете – Исечете ја гранката веднаш над овие мали ливчиња, внимавајќи да не ги повре-дите истите, бидејќи од нив треба да пораснат нови гранчиња. Користете наменски ножици за поткастрување за да обезбедите чист рез.
III Повторете – Повторете ја оваа постапка со сите гранки на кои растат малечки листови. За неколку недели, ќе видите дека овие ситни ливчиња ќе се претворат во нови гранки и може да ги исечете новите гранки веднаш над новите сетови лисја, така што ќе се разгранат повторно.
Голема, грмушеста билка босилек. И на крај тука е: тајната за одгледување на големи грмушки растенија од босилек! / Мирослав Ранѓеловиќ / НМД.мк