Чиа семето стана многу популарно изминативе неколку години поради огромната количина на здрави состојки. Ова ситно црно семе потекнува од Мексико, иако Ацтеките, Маите, Инките и Индијанците го користеле низ цела Централна и Јужна Америка (1).

Името „чиа“ потекнува од јазикот на Маите што значи „сила“. Се бере од билката Salvia hispanica која припаѓа на фамилијата на нането (2).​

Зошто треба да се јаде чиа семето?​

Семето содржи 5 грама влкана во само една лажица. Овие влакна особено помагаат во дигестијата и ве одржуваат сити (3). Тие исто така изобилуваат со омега-3, манган, фосфор и протеини (4).​

Контрола на шеќерот во крвта:

Чиа семето се користи за приготвување на десерти бидејќи претставува еден вид на бариера помеѓу јаглехидратите и дигестивните ензими. Ова резултира со постојано ослободување на енергија, за разлика од шеќерот кој предизвикува нагли скокови и падови, што е особено корисно за дијабетичарите. Обидете се со пудинг или овошен јогурт приготвен со чиа семе.

Ве одржува хидрирани:​

Бидејќи чиа семето може да апсорбира многу вода, може да му помогне на телото да ги задржи течностите и електролитите, што е одлично за спортисти и активни деца. Ако планирате ден поминат на топло сонце, обезбедете појадок приготвен со чиа семе кое претходно добро отстојало во вода.​

Лесно се дигестира:

Чиа семето лесно се дигестира и апсорбира во нашиот дигестивен систем. Повеќето хранливи материи кои ги содржи ова семе, се растворливи во вода, па потопеното семе уште полесно се процесира во организмот.

Ги чисти цревата:

Чиа семето делува како четка за чистење на вашето дебело црево, бидејќи ги отстранува дури и старите остатоци. Ако се консумира редовно – обезбедува редовна столица, па затоа, претставува одлична намирница за лица со хронична опстипација.

Го помага слабеењето:​

Чиа семето исто така, го помага губењето на вишокот килограми поради контролата на инсулинот кој е одговорен за зголемување на масното ткиво, особено околу стомакот.

Содржи аминокиселина наречена триптофан која помага во регулацијата на апетитот, промовира подобро спиење и го подобрува расположението. Исто така, може да го регулира и крвниот притисок кај дијабетичарите (5).

За чиа семето се верува дека може да спречи и срцева болест, ја подобрува ефикасноста при вежбање, и го спречува метаболниот синдром (6)

Други придобивки вклучува (2):

-Контрола нивото на шеќер во крвта,

-Го намалува ЛДЛ холестеролот (лошиот холестерол)

-Го подига HDL холестерол

-Спречува кардиоваскуларни болести

-Спречува колоректален карцином (7)

Како се користи чиа семето:

Има повеќе намени, а најчесто од него се приготвува пудинг, печива, во појадоци заедно со житарици и други семиња, а се наросува и во различни салати.

Семето е хидрофилно, што значи дека ја апсорбира течноста и притоа формира гел. За помалку од 10 минути, семето може да впие околу 10 пати повеќе од сопствената тежина!

Можете да направите чиа гел со натопување на 1/3 чаша чиа семе во 2 чаши вода/сок, па да го оставите така да набубри преку ноќта.​

Вака приготвениот гел со вода, може да има рок на траење до три седмици доколку се чува во фрижидер. Овој гел може да се консумира самостојно или да се додава во различни пијалаци.

извори:

[1] http://www.webmd.com/diet/truth-about-chia?page=1

[2] http://www.health.harvard.edu/blog/a-chia-pet-for-diabetes-20101217923

[3]http://www.theglobeandmail.com/life/health-and-fitness/health/the-super-seed-square off-which-is-healthier/article17966889/

[4] http://www.huffingtonpost.ca/2013/06/03/chia-seed-benefits-_n_3379831.html

[5] http://www.huffingtonpost.ca/2013/06/03/chia-seed-benefits-_n_3379831.html

[6] http://www.webmd.com/vitamins-supplements/ingredientmono-1224-chia.aspx?activeingredientid=1224

[7]http://www.cbc.ca/news/canada/montreal/teen-scientist-olivier-cloutier-finds-cancer-killing-molecules-in-chia-seeds-1.3068605