Рецепт на Селма Мемиќ. Одличен рецепт и идеја за ручек кој можете да го приготвувате барем еднаш седмично. Откога го дознав рецептот многу често го приготвувам ова јадење, зошто моите дома го обожаваат. Првпат кога го приготвив направив една почетничка грешка.




Имено, заборавив да го намастам плехот, па малку ми се залепија ќофтињата, но не премногу. Оттогаш многу ни се допадна и редовно им го препорачувам на моите пријатели. Состојките можете да ги менувате по вкус или според она што го имате. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за ќофтињата): 500 г мелено телешко месо, 400 р компир, 3 помали главици кромид, 2 чешниња лук, 2 супени лажици брашно, 1 јајце, сол, црн пипер и сув зеленчуков зачин (вегета) по вкус.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за бешамел сос): малку путер, 2-3 лажици брашно, 500 мл млеко, 200 мл неутрална павлака за готвење, малку сол и црн пипер, малку кашкавал по желба.




ПОСТАПКА: Кромидот ситно исечкајте го, компирот изрендајте го на крупната страна од рендето, а лукчето од ситната страна. Сите овие состојки додајте ги во меленото месо. Изматете едно јајце, па и него додајте го.




Потоа додајте две лажици брашно, сол и црн пипер, како и мешавина од зачини. Сето убаво измешајте го (или измесете го) додека смесата да се изедначи. Потоа обликувајте ги ќофтињата, најпрво да бидат топчести, а потоа сплескајте ги со дланките и обликувајте ги како диск.




Формираните ќофтиња запржете ги во добро загреано масло. Значи, не е целта добро да ги испржите, туку колку само да фатат коричка од обете страни, а внатре треба да останат незготвени.




Пржените ќофтиња наредете ги една до друго во огноотпорен сад или плех со средна големина, претходно намастен со масло или маст. Пригответе го бешамелот: на маслото во кое се пржеше месото додајте едно мало парче путер.




Додајте 2-3 полни лажици брашно и мешајте за да се раствори во маснотијата за да нема грутчиња. Кога малку ќе се запржи додајте го млекото мешајќи непрекинато. Додајте ја и течната павлака, сол и црн пипер по желба.




Во готовиот бешамел сос додајте и малку рендан кашкавал (една рака пармезан, гауда, или кој било по ваш вкус). Прелијте ги ќофтињата со бешамел сосот, одозгора покријте со фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу половина час.

Потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15-тина минути на истата температура. Рецепт на Селма Мемиќ.