ИБИЦА КОЛАЧ…пригответе си го брзо и лесно овој популарен десерт кој скапо чини во слаткарниците…Многу е вкусен и ќе ве освои со првиот залак…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 125 мл):

За основа:
2,5 пакувања бурачак бисквити (околу 300 г) мелени

За  чоколаден пудинг:
1 литар млеко
1 чаша шеќер или по вкус
1 чаша брашно
2.5 лажици какао (или 5 лажици, без чоколадо)
80 г чоколадо (опционо)
1 полна лажица путер
1 кесичка ванилин шеќер

За крем:
2 кесички шлаг во прав
1 чаша ладно млеко
И уште:
банани и декорација по желба

ПОСТАПКА:

1.Посипете го дното на плехот со мелени бисквити, да биде рамномерно покриено. Убаво натапкајте го со шпатула или дното на некоја чаша.

2.За пудинг: во тенџере сипете млеко, шеќер, брашно и какао и варете со постојано мешање. Кога ќе зоврие додајте го путерот, искршеното чоколадо и ванилата и продолжете со мешање додека да згусне.

Пудингот можете да го сварите од 1 литар млеко и 2-3 кесички пудинг со вкус на чоколадо, шеќер по вкус и на крај да додадете малку путер (30-50 г).

3.Сипете го топлиот пудинг врз бисквитите и израмнете рамномерно. Оставете да отстои во фрижидер најмалку 4-5 часа или преку цела ноќ.

4.За крем: изматете го шлаг кремот со ладно млеко (може и слатка павлака или крем сирење со павлака). Рамномерно распоредете врз оладениот пудинг.

5.Колачот исечете го на правоаголници, ставете банана (може и без) и свиткајте ги во ролатчиња.

Постапката за овој рецепт погледнете го ОВДЕ. Истиот десерт без банани, погледнете го ОВДЕ.

https://youtu.be/06BXfvxxO-w?si=erYkZUfqBSoy0gSg