Благодарение на моќното хормонално дејство, шатавари ги подмладува женските репродуктивни органи, ја зголемува лактацијата и помага кај импотенција.
Шатавари (lat. Asparagus racemosus) е билка ползачка, со висина до 2 метри, која расте на карпести шумски подрачја на повисока надморска висина. Поради лековитите својста со илјадници години се бере широм Индија и Шри Ланка.
Во ајурведските текстови, оваа значајна билка се препорачува за лекување на желудочни и нервни заболувања како и за бројни женски тегоби.
На различни јазици билката носи и различни називи , но најпозната е под името Шатавари што на древен санскрит значи „лек за стотина болести“. Често и поетично се опишува како билка „која има стотина мажи“.
Иако е добро познато дека благотворно делува на сите женски тегоби, шатавари всушност помага за огромен број на болести, а исто така е многу корисна за мажите. Најпозната е по подмладувачките карактеристики кои одлично делуваат врз женските органи.
Жатавари се користи за лекување на болести на матката, неплодност, вагинални инфекции, губиток на либидо како и кај проблеми во менопауза.
Ја одржува хормоналната рамнотежа, ја подобрува рН вредноста на вагината, ја регулира менструацијата и овулацијата. Ги елиминира симптомите на предменструалниот синдром (раздразливост, подуеност, грчеви), ублажува болки и го контролира губитокот на крв во текот на менструацијата. Одлична е за жени кои планираат бременост бидејќи ја зголемува плодност, поттикнува производство на здрави јајцеви клетки, ја храни и јакне матката и ги подготвува органите за зачеток.
Во бременоста ги ублажува утринските мачнини, а после пораќај помага и при чистење на матката. Поттикнува нормална лактација во текот на доењето.
Во голема мера им помага и на жени во средни години – ги ублажува симптомите од перименопауза (нагли промени на расположение, ненадејни напади на топлински бранови, сувост на вагината…). Обилува со фитоестрогени па е идеална во случај на недостиг на природни естрогени.